Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

РЕКРЕАТИВЕН ПИКНИК НА ГРОМ

ГРОМ пикник14.06.2015 година Во организација на општинска организација на Карпош-ГРОМ и Ѓорче Петров-ГРОМ, последниот ден од викендот, членовите на оваа партија го поминаа во заедничко дружење и рекреирање. Во дворот на кајакарскиот клуб „Ластовица“, многубројните присутни членови се освежија под ладовините на длабоките сенки и жуборот на реката Вардар, како и пријатна музика. Спортот, како кошарка, фудбал и шах, беше неизбежен дел од излетот. Лидерот на Граѓанската опција за Македонија, Стевчо Јакимовски истакна задоволство што членовите на ГРОМ не само што партиски функционираат туку и пријателски. -Овој пикник се организара за прв пат и се надевам нема да биде последен. Благодарност до кајакарскиот клуб „Ластовица“ што ни овозможи освен во природа, спортски да се рекреираме. Овој пикник пред се цели кон зближување и дружење. ГРОМ е едно семејство и потребни се што почесто активности од ваков тип. Граѓанската опција за Македонија е платформа на слободата на граѓанинот – рече Јакимовски. Изобилство од среќни и задоволни лица, како и спортска рекреација, беше сликата од денешното претпладневно дружење на општинските организации Карпош и Ѓорче Петров.
Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin