Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Извршен Одбор

Членови на Извршен Одбор на ГРОМ

Член 28Статут на ГРОМ: IV.3. ИЗВРШЕН ОДБОР

Извршниот одбор е извршно-политички орган на Централниот одбор на ГРОМ.

Извршниот одбор се состои од 15-25 членови, што ги избира Централниот одбор на ГРОМ.

Покрај избраните членови, по функција, членови на Извршниот одбор се:

  • претседателот, потпретседателите и секретарот на ГРОМ,
  • претседателот на Градската организација на Скопје
  • претседателите на Младинскиот форум и на Форумот на жените на ГРОМ и
  • членовите на Владата избрани од редовите на ГРОМ.

Мандатот на членовите на Извршниот одбор трае 5 (пет) години, со право на повторен избор.

Член 29

Извршниот одбор ги има следните права, должности и одговорности:

  • утврдува Нацрт-Статут и Нацрт-Извештај за работата на ГРОМ,
  • расправа за актуелни прашања од сите сфери на општествено-економските состојби, и на Централниот одбор му предлага соодветни ставови и заклучоци,
  • ги релизира заклучоците и одлуките на Централниот одбор на ГРОМ,
  • расправа и предлага мерки поврзани со организациската поставеност, кадровските прашања и евиденцијата на членството во ГРОМ,
  • се грижи за тековното материјално-финансиско работење на Партијата и за тоа редовно го известува Централниот одбор на ГРОМ,
  • ги донесува сите потребни акти за формирање и непречено функционирање на Стручната служба на ГРОМ,
  • заради подинамично извршување на задачите од својата надлежност, формира постојани, а по потреба и повремени работни тела,
  • на предлог на Претседателот, избира координатори во изборните единици,
  • на предлог на Претседателот, избира секретар за меѓународна соработка и портпарол на ГРОМ,
  • на предлог на Скретарот на ГРОМ избира организациони секретари,
  • донесува Деловник за својата работа и
  • извршува и други задачи што ќе му ги довери Централниот одбор или се утврдени со овој Статут и други акти на ГРОМ.

Член 30

Седниците на Извршниот одбор ги свикува и со нив раководи Претседателот на ГРОМ.

Седницата на Извршниот одбор може да биде свикана и по предлог на орган на Партијата и најмалку 1/2 од неговите членови. Предлогот за свикување на седница од став 2 од овој член треба да биде доставен во писмена форма и образложен.

Член 31

Седниците на Извршниот одбор се одржуваат по потреба, а најмалку еднаш месечно.

Извршниот одбор може полноважно да работи и да одлучува доколку на седницата присуствуваат повеќе од половината од вкупниот број на неговите членови.

Своите одлуки Извршниот одбор ги донесува со мнозинство на гласови од присутните членови и со јавно гласање.

Од седниците на Извршниот одбор се води записник што се усвојува на наредната седница, а го потпишуваат записничар и Претседателот на ГРОМ.

Член 32

За својата работа Извршниот одбор е одговорен пред Централниот одбор на ГРОМ, кои што со одлука може да отповика одделен негов член или пак Извршниот одбор во целина.

Предлог за отповикување во писмена форма, може да поднесе орган на Партијата или пак ½ од вкупниот број на членови на Централниот одбор.