Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

НЕ Е БОЛЕДУВАЊЕ — ОВА Е БЕГСТВО ОД КАРПОШ

Некогаш една друга партија важеше за лажоманска.

Но, полека и сигурно, ВМРО-ДПМНЕ го презема тој примат.

Вчера, преку нивните инсталации во Општина Карпош, се обидоа да ја излажат јавноста дека градоначалникот Сотир Лукровски не поднел оставка, туку бил на боледување.

Е па, таа приказна не поминува.

Ако е боледување, тогаш нека објаснат:

Прво:
Зошто барале од Централниот регистар Сотир Лукровски, градоначалник избран на локалните избори на 2 ноември, да биде избришан како одговорно лице во правното лице Општина Карпош, а на негово место да биде впишан заменикот Крстевски?

Нормално, ваквата глупост службениците од Централниот регистар ја одбиле, со јасно образложение: Општина Карпош има актуелен градоначалник.

Второ:
Зошто во Трезор испратиле потписно картонче само со потпис на овластениот заменик, а без потписот на градоначалникот кој го дава овластувањето?

Ако Сотир Лукровски е само привремено отсутен, зошто го нема таму каде што мора да го има?

Трето:
Зошто шоферот на Сотир Лукровски дошол да го раздолжи службеното возило со кое го возел градоначалникот, како и другите предмети што ги користел?

Ако човекот е само на боледување, зошто се раздолжува службено возило?

Ова не е боледување.
Ова е бегство од Карпош.
Ова е незаконско купување време.

Оставката на Сотир Лукровски се најавува повеќе од четири месеци. Со тоа, според нашите информации, бил запознаен и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Отворањето боледување и назначувањето заменик не е решение. Тоа е обид формално да фигурира боледување, а фактички да се подготвува заминување.

Формално — боледување.
Неформално — оставка.
Партиски — купување време.
Правно — импровизација.

Невештите службеници од Општина Карпош сами им ги открија намерите со обидите да го избришат градоначалникот од Централниот регистар и од потписник на жиро-сметката во Трезор.

И сето ова го прави партија која себе се нарекува државотворна.
Партија која зборува за патриотизам.
Партија која секој ден држи лекции за правна држава, законитост и институции.

А во Карпош што прават?

На незаконски начин дојдоа до власт во Општина Карпош, а сега на незаконски начин се обидуваат да го продолжат владеењето.

Карпошани гласаа за градоначалник.
Добиваат партиски овластувања, потписни картончиња, заменици, адвокати, секретари, супервизори и инструкции од Белата палата.

Не е оставка — боледување било.
Не е бегање — привремено отсуство било.
Не е парализа — процедура било.

Е па, не оди така.

Ако е боледување, не се брише градоначалник од Централен регистар.
Ако е боледување, не се менуваат потписници како човекот да заминал засекогаш.
Ако е боледување, не се раздолжува службено возило.
Ако е боледување, не се крие вистината од граѓаните.

Вистината е едноставна: ВМРО-ДПМНЕ ја заглави Општина Карпош и сега се обидува со лаги, правни акробации и партиски маневри да го покрие срамот.

А причината за сето ова е добро позната.

И на нив.
И на нас.
И на Карпошани.

Карпош не е партиска фирма.
Карпош не е приватен плен.
Карпош не смее да биде заложник на лагите на ВМРО-ДПМНЕ.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin