Градската организација на ГРОМ Скопје им подари црвени рози на нашите сограѓанки
Градската организација на ГРОМ СКОПЈЕ, во координација со Oпштинските Oрганизации по трет пат спроведе акција, по повод Меѓународниот ден на жената ,,8 Март”.
Честитајќи им го празникот на понежниот пол со подарување на црвена роза, претставниците на Oпштинските Oрганизации од ГРОМ Скопје им изразија чест и достојно внимание на нашите сограѓанки, кои позитивно реагираа на овој симболичен гест кон нив.