ЦВЕЌЕ ОД ФОМ ГРОМ ЗА ДАМИТЕ
08.03.2017 година
Со подарување на цвеќе, Форумот на Младите на ГРОМ им го честиташе празникот на жените, ,,Меѓународниот ден на жената 8- Март“. Младите громовци им оддадоа почит на припадничките на понежниот пол, честитајќи им го денот, кога се одбележува борбата на жените за нивна политичка, економска, социјална и материјална рамноправност со машкиот род. Во некои земји, овој празник е прогласен за државен, додека во Република Македонија, се празнува симболично, најчесто со подарување на цвеќе на жените. ФОМ ГРОМ им посакува на сите девојки, мајки, баби, жени успешност преку целата година.