Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Јакимовски: Лажен им е барокот како што им е лажен патриотизмот

Лидерот на ГРОМ и градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска на прес конференција пред зградата на ВМРО-ДПМНЕ во која е сместен партискиот штаб покажа за какви урбанистички решенија се залага оваа партија, нагласувајќи дека им е лажен барокот како што им е лажен и патриотизмот.

„Искрен да бидам, јас не сум ни очекувал дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги гласа деталните урбанистички планови затоа што тие се нови објекти современи како што има, Дубаи, Чикаго, Торонто, Винена, Софија во Белград, тие се за згради за барок, со лажен барок, исто како што е лажна нивната политика, како што се лажни нивните патриотизми како што се лажни и нивните заложби за зеленило во објект во кој што изградиле а нема ниту еден метар квадратен за зеленило, рече Јакимовски.

Јакимовски покажувајќи и на јавноста на што личи локацијата во строгиот центар на Скопје на која е изградена зградата во која е сместен партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, јавно праша кој овде има налудничав проект?

„Зборуваат за бетонски чудовишта а што е ова позади нас ако не е бетонско чудовиште и кое претставува најголема бетонизација на квадратен метар во Република Македонија. Сите ние овде се сеќаваме на едно мало зградиче на два ката, едно жолто зградиче со мало дворче, гледате ли сега во какво бетонско чудовиште ова се изроди, каде готово целата парцела е искористена да се изгради ова седмокатно чудовиште во кое што мало им беше чудовиштето што го направија па изградија и кула што би рекол великиот Кочо Рацин „За себе банки ѕидаат, банки палат и кули тенки високи“, потенцира Јакимовски и праша:

Кој овде има налудничав проект? Оној што предлага современи градби, со решено паркирање, со места за пензионерите со спорт и рекреација, со 50% од изградбата да е зеленило, со најсовремени подземни сообраќајници или ова здание зад нас, погледнете дали се ова премини или ова е обичен ходник?

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin