Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Реакција на ГРОМ по вчерашниот инцидент во емисијата „Само вистина“ на Канал 5

Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ, најостро реагира и го осудува синоќешниот инцидент на господинот Исмет Рамадани во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5. Изненадени сме што овој господин како човек со долгогодишно политичко искуство и учество во власта на високи државни позиции наместо да зрачи со мудрост, со пацифизам и да разговара со силата на аргументите тој настапува крајно милитантно и делува од позиции на национализам. Разговорот со вперен прст и ароганција покажува политичка некултура која за жал кај господинот Рамадани се манифестирала и во други емисии со други соговорници во последниве години.

Најостро ја осудуваме злоупотребата на јавниот простор и еден значаен медиум како Канал 5 од националистички побуди. Не може медиумот да биде виновен што некој со оскудни интелектуални капацитети и во отсуство на аргументирана дискусија да прибегнува кон крајно примитивно однесување и да доведува до скандалозни ситуации во јавниот сервис.

За жал овој господин е и еден од главните НАТО лобисти во државава па оттаму се поставува прашањето – со вакви ли луѓе ќе имаме дијалог и со нив ли ќе полемизираме?

Граѓанската опција за Македонија дава целосна поддршка на ТВ Канал 5 како телевизија која во изминатиот период, особено со емисијата „Само вистина“ даде простор за широка јавна дебата на сите политички партии не правејќи разлика за верска, национална, политичка и религиска ориентација.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin