ГРОМ бара од Владата да се обезбедат додатоци на здравствените работници во висина на паушалите на СЈО
Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ смета дека уредбата на владата со која се даде приоритет на финансирањето на СЈО, јасно стави на знаење дека некогашните специјални обвинители и истражители се приоритет пред здравствените работници и здравјето на граѓаните.
Од вкупниот број заразени со вирусот COVID-19 здравствени работници се 9,5% . Ова јасно укажува на опасноста од зараза која е и животно загрозувачка.
ГРОМ предлага:
Владата да донесе уредба со која здравствените работници ќе добијат надоместок за опасност при работа исто онолку колку што земаа паричен надоместок специјалните обвинители и останатиот персонал во СЈО за доверливост и опасност при работа. Надоместокот за опасност при работа да биде согласно степенот на загрозеност на секој медицински работник.
Со ова владата ќе покаже дека дава целосна подршка на медицинскиот персонал и докторите за нивниот труд во услови во вонредна состојба, а како последица на пандемијата од коронавирусот, соодветно ги вреднува.