ДОНАЦИЈА ОД ЈАКИМОВСКИ ЗА НОВОТО УЧИЛИШТЕ ВО ГОРНО НЕРЕЗИ

29.09.2017 година

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, и воедно претседател на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски, денеска и подари дидактички материјал на користење на наставничката која ќе ги образува учениците основното училиште „ Братство“   во Горно Нерези. Станува збор за компјутер и принтер, кои се подарок од кандидатот за градоначалник на Карпош до ова реконструирано училиште.

-Наместо да  дадам пари уште за неколку рекламни билборди за изборната кампања, јас одлучив да ги купам овие потребни материјали за нашите албанчиња- основци во ООУ „ Братство“ во селото Горно Нерези. Особено сум среќен и горд, што токму ова училиште кое претставува едно од најстарите училишта во градот Скопје, денес е целосно реновирано и реконструирано ,  истакна Јакимовски.

Основното училиште ООУ „ Братство“ во Горно Нерези е училиште- клон на училиштето „ Братство“ во Тафталиџе 2. Ова училиште е изградено во 1937 година.Од неодамна  е целосно реконструирано и реновирано од страна на Општина Карпош.  Во ова училиште ќе учат вкупно шест ученици , а наставата ќе се одвива на албански јазик.