ПРЕС -КОНФЕРЕНЦИЈА: СДСМ покажа дека е инсталирана марионетска влада

14.08.2017 година

Работата на седумдесет и петте денови, нова Влада на Република Македонија, предводена  од страна на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, беше повод  денеска од партиското седиште, претседателот на Граѓанската опција за Македонија, да даде изјава за медиумите. Јакимовски потенцираше дека Македонија слави црн јубилеј од 75 дена од владеењето на најненародната Влада на Република Македонија во  поновата историја. повеќе

Интегрален текст од прес-конференција

14.08.2017 година

Денеска, Република Македонија слави црн јубилеј: 75 дена од владеењето на најненародната Влада на Македонија во поновата историја. Ниту една влада досега не и направила толку зло на државата како што успеа оваа. СДСМ на чело со Зоран Заев за само 2,5 месеци успеа да ги исфрли од употреба зборовите „македонски народ“. повеќе

НА ДЕНЕШЕН ДЕН РУСИЈА ЈА ПРИЗНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

05.08.2017 година

повеќе

Граѓанската опција за Македонија на сите граѓани во Република Македонија им го честита националниот празник „Илинден“

Делегација на ГРОМ одаде почит на великаните од двата Илиндена, положувајќи цвеќе и поклонувајќи се пред спомениците на: АСНОМ, Никола Карев и Методија Андонов Ченто. Нека е честит Илинден. повеќе

ОСТРА ОСУДА НА ГРОМ НА ДОГОВОРОТ ЗА „ДОБРОСОСЕДСТВО“

01.08.2017 година

Граѓанската опција за Македонија најостро го осудува потпишувањето на срамниот Договор за наводно добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.
Во овој договор никаде не се спомнува македонскиот народ, но
затоа пак, со него се откажуваме од грижата и поддршката на македонското национално малцинство во Бугарија. Според овој Договор македонскиот јазик е уставна категорија, а да потсетиме дека ние Македонците и кога не сме имале Устав сме имале јазик. повеќе

ПРЕС -КОНФЕРЕНЦИЈА: Договорот со Бугарија целосно ги негира Македонците

27.07.2017 година

„Конечно паднаа маските околу фамозниот договор за добрососедство со Република Бугарија- ремек делото на господинот Зоран Заев, кој упорно сака да ни го подметне како кукавично јајце.“ – ова денеска во партиското седиште пред медиумите го изјави претседателот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски.  Понатаму, Јакимовски запраша од каде толкава радост во бугарската јавност од потпишувањето на овој контроверзен договор? повеќе

ПОВИК НА МАКЕДОНСКИ ИСТОРИЧАРИ: Да го одбраниме нашето уставно име, македонски јазик и македонска историја

27.07.2017 година

Исправени пред конечната разрешница на македонското прашање, која може да биде со катастрофални последици за Република Македонија и македонскиот народ, ние, како македонски интелектуалци, историчари, универзитетски професори остро се спротивставуваме на обидите за промена на вековното историско име на нашата држава – Македонија. повеќе

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Хусеин Болт од М….

25.07.2017 година

Започната е Третата Светска војна, но таа не се води со тенкови и со артилерија туку, со сите форми на пропаганда. Се води војна помеѓу лагата и вистината. За жал лагата е многу помоќна, поорганизирана, користи ресурси и што има и што нема. Вистината од друга страна е се уште немоќна, недоволно организирана, се уште е во дефанзива. Оваа пропагандна војна ја видовме и кај нас. Лагата не победи, но на крај излезе баронот од темнината, односно оној кој ја креира лагата и со брутални закани ја оствари својата цел. повеќе

Во односите меѓу Русија и Македонија е можен квалитативен скок, убеден Железњак

21.07.2017 година

Многу векови, народите на Русија и Македонија се тесно поврзани со историски и културни корениЗаменикот-секретар на Генералниот совет на партијата „Единствена Русија” Сергеј Железњак се сретна со делегација на парламентарните политички партии во Република Македонија. Делегацијата е составена од претседателот на македонската политичка партија „Граѓанска опција за Македонија” (ГРОМ), Стевчо Јакимовски и претседателот на Демократската партија на србите во Македонија Иван Стоиљковиќ. повеќе

ЛИДЕРОТ НА ГРОМ НА ПАРТИСКА СРЕДБА ВО „ЕДИНСТВЕНА РУСИЈА“

20.07.2017 година

Денес, во Москва, претседателот на Граѓанската опција за Македонија –ГРОМ Стевчо Јакимовски оствари неколкучасовна средба со Сергеј Железњак, Секретар на Генералниот совет за меѓународни односи на партијата „Единствена Русија“  и функционер на руската Дума, и Константин Петриченко, раководител на Меѓународниот одел во „Единствена Русија“. повеќе

Страница 1 од 4712345...102030...Последна »