ФОРУМОТ НА ЖЕНИ НА ГРОМ НА БАКЛАВА ЗА КУРБАН БАЈРАМ

03.09.2017 година

Жените на Граѓанската Опција за Македонија – ГРОМ, по повод големиот верски празник Курбан Бајрам ја споделија радоста на своите пријателки од муслиманска вероисповед, гостувајќи традиционално во нивните празнично уредени домови.

Бескрајните разговори, споделените насмевки, волшебниот вкус на баклавата, опојниот мирис на чајот, богатството на старите и новите пријателства го направија овој ден за паметење.

Среќен Курбан Бајрам драги пријатели.