Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

БИДЕТЕ ХРАБРИ И ОДВАЖНИ – БИДЕТЕ ГРОМ!

ГОВОР НА Д-Р ДОБРИЛА АНДОНОВСКА, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФОРУМОТ НА ЖЕНИ НА ГРОМ

Почитувани, денешниот ден за нас жените на ГРОМ е од      исклучителна  важност, ден кога ги формираме органите на Форумот на жени, што ќе ни овозможи подобро функционирање во процесот на носењето на одлуки и креирањето политики.

На  сите  кои  денес ви беше изгласана доверба за  членови на Централниот Одбор и Надзорниот  Одбор ви го честитам добиентиот мандат и ви посакувам успешна работа.

Почитувани пријателки од Форумот на жени – Делегати на Основачкото Собрание, вам и на жените членови од вашите општински форуми кои стојат зад вашиот глас, ВИ БЛАГОДАРАМ ЗА ДОВЕРБАТА.

Вашата доверба за мене претставува огромна чест, но и огромна обврска да се продолжи по патот којшто сите вие цврсто го чекорите веќе три години, следејќи ги политиките на партијата, збогатени со ваши идеи кои успешно ги реализиравте во средините во кои живеете и делувате. Ширејќи го позитивниот дух на ГРОМ ги освоивте симпатиите на вашите сограѓани и ја промовиравте нашата партија.

Сето ова беше возможно бидејќи ГРОМ ја признава важноста  на значајната вклученост на жените во развојот на силни и инклузивни политички партии.

Почитувани, денес оваа сала е претесна да прими 750 делегати од Форумот на жени на Граѓанската Опција за Македонија, жени кои можат да дадат и даваат голем придонес за напредокот на партијата и севкупниот напредок на државата.

Жените на ГРОМ беа активно вклучени во формирањето на нашата партија – Граѓанската опција за Македонија, активно вклучени во создавањето на Програмата на партијата и креирањето на политиките.

Ние, жените на ГРОМ сме особено горди што ја имаме почитуваната  Мавие Мехмети за потпретседател на партијата и ја поздравуваме громогласно.

Жените на ГРОМ се значаен фактор како советници во рамките на локалната власт, успешни во раководењето и менаџирањето на своите работни места, реализирани во своите професии, одговорни кон општеството и посветени на своите семејства.

Денес овде присуствуваат жени чија мисла водилка е: “Што тие можат да направат за ГРОМ?”.  Мудра и несебична мисла која ќе ги доведе до моментот да го постават и спротивното прашање: “Што ГРОМ може да направи за нив и нивните семејства?”.

Денес овде присуствуваат жени кои се свесни дека партискиот ангажман е исклучително напорен маратон, но се подготвени да го истрчаат.

Во изминатиот три годишен период жените на ГРОМ го артикулираа својот глас, со својот континуиран активизам го привлекоа вниманието на граѓаните, станаа посакуван партнер за заедничка меѓупартиска соработка, соработка со невладиниот сектор и медиумите.

За само три години покажавме колку може и колку знае  жената гром – жената на 21 век!

Да се биде жена значи многу. Тоа е порив и повик. Но, да си жена од ГРОМ значи навистина да си ГРОМ!

Ние не прифаќаме традиционални улоги каде политиката е моќно оружје само во рацете на мажите.

Ние, жените на ГРОМ стоиме ХРАБРО на политичката сцена и немаме намера да играме споредни улоги, целиме кон главната улога. Целиме кон Оскар!

Но, како што сите актери – Оскаровци треба да имаат брилијантни сценарија и да ја следат генијалната режија така и ние жените на ГРОМ во своите активности се водиме од приоритетите на нашата партија, приоритети по кои сме препознатливи:

  1. Граѓанинот во прв план на секое политичко дејствување
  2. Развој на мултикултурното општество во хармонија со граѓанскиот концепт
  3. Унапредување на еднаквите можности на жените и мажите
  4. Економско јакнење на жените
  5. Подигање на свеста за борба против насилството врз жените и семејното насилство и ратификување на Истанбулската Конвенција за превенција и борба со насилство врз жената и семејното насилство.

Овде сме особено горди на нашата партија како потписник на Декларацијата за Спречување и заштита од различни форми на насилство врз жените и семејно насилство.

Во периодот што е зад нас, сите општински форуми релизираа бројни активности зависно од  специфичностите на   општинските организации од кои потекнуваат.

6.Организирани  беа  бројни  обуки  и  работилници за учество на жените во политиката,  за економско јакнење на жените, трибини и    едукативни     предавања    од     областа    на    здравството, образованието,   родовата   еднаквост,   социјалната    заштита, екологијата….

Теми  актуелни  за  различни  целни  групи  на жени, зависно од нивната  возраст,  образованието,  разликите  во  традициите  и културата,   водејќи    грижа  дека  тие  имаат  различни  животни искуства     заради      кои     приоритетите     и      потребите     се разликуваат.

Жените на ГРОМ организираа бројни хуманитарни активности: хуманитарни  концерти, ауции на уметнички слики, хуманитарни трки, хуманитарно – донаторски базари…

Жените на ГРОМ континуирано се грижат за ранливите категории на граѓани, секогаш со подадена рака за сите кои имаа потреба од нашата подршка.

НИЕ  ПОРАЧУВАМЕ  –  НЕМА  ОДМОР  ОД  НАШИТЕ  ИДЕАЛИ, НЕМА ОДМОР ОД НАШИТЕ АКТИВНОСТИ.

7.Во тригодишниот период од формирањето на Граѓанската опцијаза      Македонија     се    спроведоа   повеќе   изборни   циклуси: предвремените       парламентарни       и  претседателски избори во 2014 год. и   предвременит   парламентарни   избори   во  2016 година.

Жените   на  Граѓанската  опција за Македонија беа секогаш во првите  редови, заедно  со својот  лидер, со  раководството  на партијата, рамо до рамо со своите сопартијци.

За  време  на   двегодишната  политичка криза во државата, ние жените на ГРОМ одлучивме на ги следиме мудрите политички одлуки  на  нашиот  лидер и да ја заземеме вистинската страна.

Постои  само  една  вистина  кога  се  во  прашање интересите  на  Република  Македонија.

Форумот    на    жени   на  ГРОМ  секогаш   храбро  ќе стои  на  браникот  на  вистината.

Почитувани  пријателки,
ПРЕД    ВАС    СЕ    НЕОГРАНИЧЕНИ   ХОРИЗОНТИ.
СВАТЕТЕ ГИ СЕРИОЗНО СВОИТЕ ДАРБИ ЗА КРЕИРАЊЕ НА ПОЛИТИКИ И НОСЕЊЕ НА ОДЛУКИ. НЕМА ЛИМИТ ЗА ВАШИТЕ ЛИДЕРСКИ СПОСОБНОСТИ!
БИДЕТЕ ХРАБРИ И ОДВАЖНИ!
ЕДНОСТАВНО – БИДЕТЕ ГРОМ!

ВИ БЛАГОДАРАМ

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin