ЧЕСТВУВАЊЕ НА ДВАТА ИЛИНДЕНИ
Делегација на Општина Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски потпретсадателката на ГРОМ Мавие Мехмети и претседателот на младите на ГРОМ Бојан Велевски, на 2 август, Илинден, положија венци свежо цвеќе на спомениците на учесниците на Второто заседание на АСНОМ, наспроти Собранието на Република Македонија, пред споменикот на Никола Карев и пред споменикот на Методија Андонов Ченто.