Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Предлог-законот на ВМРО-ДПМНЕ за двојно државјанство на пратеници е ефтин популизам без сериозна анализа

Во изминативе 34 години, живееме во општество во кое главните политички партии буквално не
окупираат со површни, популистички, дневни политики „купи ден – продај“ од најнизок тип. Таков
еклатантен пример е предлогот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за носење на закон со кој
се забранува пратеник да има двојно државјанство.

Секоја политика, секое законско решение, мора да произлегува од сериозна анализа, и да е
резултат од потреба на граѓаните и државата како и компаративни анализи на слични решенија во
други држави, а особено на земјите членки на ЕУ. Овој популистички закон е само реактивен
однос на ВМРО-ДПМНЕ по прозивките на СДСМ за наводни двојни државјанства во редовите на
владеачката партија. Политиките и законите не смеат да бидат резултат по принципот „а така вие
нам, епа сега ќе видите ние што ќе направиме“. Политиката не е детска игра, таа е сериозна
работа, а ова што го демонстрираат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ е однос на недозреани деца
залутани во политичките води на јадната ни Македонија.

Ако веќе се носи таков закон, мора да се размисли дали и министер, негов заменик, државен
советник, државен секретар, па ако сакате и до кое ниво во јавната и државата администрација ќе
може да се вработува лице со двојно државјанство? Евентуално законот мора да ги опфати и
безбедносните структури на државата: МВР, МО, АНБ, АР.

Јавно ги прашуваме: како е можно министер со двојно државјанство да присуствува на затворени
седници на Влада, да чита строго доверливи материјали, да му е достапна државна тајна, дури да
присуствува на седници на Совет за безбедност? Како е можно со законот да не бидат опфатени
лица присутни во актуелната влада кои се резиденти на други држави, а во тие држави
остваруваат економски интереси? Да потсетиме, актуелни двајца министри, имаат потврдено дека
имаат двојно државјанство, за тројца се шпекулира, а истите ги лиферуваа добро упатени бугарски
кругови.

Затоа, ГРОМ ја замолува владејачката ВМРО-ДПМНЕ да има сериозен пристап при водење на
државните работи, да не се однесуваат како налутени дечиња кои си ја земаат топката и ја
растураат играта и да не ги третираат измените, дополнувањата и новите закони како дел од
ефтина популистичка пи-ар политика, туку да покажат минимална доза на сериозност како што
доликува на луѓе кои се начело на една држава и кои наводно добиле висока доверба од
граѓаните.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin