Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Жал ми е што Османи како интелектуалец демонстрира на јавна сцена некултура, а се промовира како проевропски ориентиран тип

Господинот Бујар Османи демонстрира лошо ниво на култура и колегијалност. Јас него го почитувам како колега министер и како противкандидат. За разлика од него јас јавно, кога градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко беше ставен на црна листа го осудив и се спротивставив на методите што ги применува Стејт Департментот.

Ифтарот е интимен чин како круна на целодневниот пост и посветувањето на Бога кој се споделува со најблиските. Убеден сум дека канењето на останатите противкандидати на ифтар не му се најблиски, туку ова го прави по потреба и го злоупотребува верскиот обичај за политичка кампања во недостаток на други идеи за себепромоција.

Жал ми е што како интелектуалец демонстрира на јавна сцена некултура, а се промовира како проевропски ориентиран тип и тоа му е главна флоскула во предизборието. За жал тој и дел од неговите другари (чест на исклучоците), во ова 20 годишно практикување на власта не покажаа европски манири. Наративот им е европски, а однесувањето и практикувањето на власт ултра западнобалкански.
За разлика од нив, можеби мојот наратив е балкански, ама однесувањето и практикувањето на власта ми е европски во секој поглед.

А со Рамиз Мерко се гледа во партија? Оди со него на ифтар или го избегнува?
Селам алејкум господине противкандидату. Црногорците велат: „Не пада снијег да покрије бријег. Веч да ѕвери оставе траг.“

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin