Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Обраќање на Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски по повод последните случувања во Карпош: Ех, курто курто, бетер си од мурто.

Раководството на ВМРО ДПМНЕ се изрезили

Обраќање на Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски по повод последните случувања во Карпош:

-Кај мене во Карпош со ништо непредизвикани се обидоа да го блокираат донесувањето на буџетот. Тоа е исто како да го запреш крвотокот на некој од екстремитетите на човечкото тело. Ако го запреш крвотокот на главната артерија на препоната дали човекот ќе може да се движи? Секако дека не. Е тоа е буџетот на секоја институција, а посебно за локалната самоуправа.

Резилот им е најголем затоа што во исто време на Билал Касами во Тетово не се обидуваат да му го блокираат буџетот и со тоа да го одвратат од рушење на крстот туку тоа го прават во нормална цивилизирана и би рекол авангардна општина во државата.
Како сега да го намалат овој негативен ефект во јавноста?

Одлучиле да се качат на крстот на Попова Шапка и таму се сликаат со нивниот лидер.
Што мислите, го покрија срамот?
Секако дека не. Од што не знаат кај тераат со овој потег својата политика ја спуштија на Стојанче Ангелов. За жал и тука испадна дека се безидејни затоа што Стојанче прв отиде кај крстот и прв се спротивстави на решението за неговото рушење.

Кога имаш безидеен лидер ќе ги копираш политиките на Достоинство и Стојанче.

Ех, Христијан!
Тој ќе водел држава. Да беше лидер уште пред 20ина дена ќе отидеше кај Касами во Општина и ќе го убедеше дека тоа што намислил не е добро, па ќе направеа заедничка прес конференција и ќе кажеа дека проблемот е решен.

Ова значи дека не смее да припари во Општина Тетово, а ќе му биде коалиционен партнер и со ова јасно става до знаење дека како што СДСМ не смее да му попува на ДУИ, така и тој нема да смее да и попува на БЕСА.

Ех, курто курто, бетер си од мурто.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin