Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

(Видео)Јакимовски: Со блокирањето на Буџетот, советниците на ВМРО-ДПМНЕ удираат директно по граѓаните на Карпош

Лидерот на ГРОМ и градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски ги посочи советниците на ВМРО-ДПМНЕ и „нивната дружина“ дека со намерното блокирање на носењето на Буџетот за 2024 година свесно нанесуваат штета на сите жители на општината, од најмладо до најстаро.

– Жал ми е што морам да соопштам дека ВМРО-ДПМНЕ, независните и останатите нивни соработници со ова не удираат по мене како градоначалник, туку врз сите граѓани, а посебно врз младите, нагласи Јакимовски.

Градоначалникот притоа ги наброи сите проекти кои советниците на ВМРО-ДПМНЕ ги укинаа за следната година:
Драги млади луѓе, нема повеќе субвенции за возачки дозволи. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против овие субвенции. Талентираните спортисти од осмо и деветто одделение нема повеќе да добиваат стипендии. Да потсетам, тројца фудбалери во македонската фудбалска репрезентација се карпошови стипендисти и еден наш стипендист е репрезентативец во кошаркарската репрезентација. Ја укинаа еднократната помош за спортисти за настапи надвор од земјата. Нема повеќе финансиска поддршка за спортски клубови. Се дрзнаа дури да кренат рака врз турнирот Сокол. Замислете го укинаа финансирањето на култниот турнир во мал фудбал во кој граѓаните на Карпош 1 и навивачите на Вардар секоја година се сеќаваат на својот трагично починат сограѓанин Оливер Соколов Сокол. ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници ја укинаа училишната спортска лига, Не дозволија отворање на младински центар, нема поддршка за ватерполо турнирот, нема средства за најмладите жители на Карпош за да учат да пливаат. За жал оваа забеганост отиде до таму што ја укинаа и поддршката на невладините организации, го запреа и најхуманото нешто- традиционалните карпошви крводарителски акции. Нема повеќе шаховски турнир. Замислете тие се и против пензионерите. Ја запреа поддршката за пензионерските спортски игри, за 47 години постоење на општина Карпош овие се први луѓе на кои не им чинат вработените во општинската администрација. Жал ми е што морам да соопштам дека не запреа тука. Нивното изживување продолжи и врз најмладите жители на Карпош, децата од предучилишна возраст. Гласаа против цветното дефиле, кој секоја година традиционално го прават дечињата од градинките. Ја укинаа и прекрасната манифестација „Карпош има талент“, се изјасни против и детската ликовна колонија, детските литературни конкурси, изложби, и како круна на се, тие се против прогласување на заслужни граѓани. Јас имам положено возачки испит, како и моите синови и снаи. Од друга страна, ниту пак имам внук осмооделенец за стипендирање. Сите овие луѓе кои добиваат поддршка од општината не ги познавам.

Оваа деструктивност, безидејност на ВМРО-ДПМНЕ нашироко се манифестира не само во Карпош туку и во градот Скопје. Смешни се изговорите за бетонизации и згради зашто во изминатиот период гласаа и против урбанистички планови каде има само куќи, изјави градоначалникот на Карпош, изјави Јакимовски.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin