Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Јакимовски: Прашајте ги советниците на ВМРО-ДПМНЕ дали има еден план што го поддржуваат?

Ги повикав сите советници и им предложив секоја советничка група да каже кои два плана се спремни да ги поддржат. Можат ли да кажат зошто не гласаат за планови каде што има само куќи, праша лидерот на ГРОМ и градоначалник на општина Карпош, по поставено новинарско прашање за став во однос на противењето на советничките групи да го гласаат деталниот план за „Алумина“.

– Можете ли да ги прашате што воопшто тие поддржуваат? Зошто советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против планот во Злокуќани? Имаме ли згради во Злокуќани во тој дел? Кажуваат приказни дека немало градинки, а во урбанистичкиот план предвидена е градинка. Можат ли да објаснат зошто урбанистичкиот план за Жданец и Нерези не го гласаат? Очигледно дека не сакаат ништо убаво да се случи во општина Карпош. Тие се радуваат да се развива Свети Николе и не упатуваат таму да ги реализираме проектите, рече Јакимовски.

 

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin