Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ГРОМ ПРЕДУПРЕДУВА: Фон Дер Лејн без ветување за датум за отпочнување на преговори, помошта од 80 милиони евра се само капка во морето

СООПШТЕНИЕ

 

Граѓанската опција за Македонија ГРОМ не е воодушевена од вчерашната посета на претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен од повеќе причини. 

  1. Затоа што најчесто доаѓаат да не посетуваат европски великодостојници кога треба да ни вршат притисок за да ние полесно го преживееме следното понижување. Во моментов нова „жаба“ која треба да ја голтнат македонските граѓани е промена на Уставот за потребите на минорна група на Бугари во Македонија.  Затоа ваквите посети за Граѓанската опција се веќе видена форма на историско однесување на претседателот и комесарите на Европската унија.
  2. За жал не добивме никакво ветување дека ќе добиеме датум за преговори туку ни соопшти дека ќе патуваме кон Европа. Значи ветување нема, а нашиот европски пат наликува како патот околу светот. 
  3. Претседателот на Европската комисија, госпоѓата Фон дер Лајен не не воодушеви ниту со ситнежот од 80 милиони евра затоа што штетите што ги трпат граѓаните на Република Македонија со падот на животниот стандард, загубата на работни места, енергетската криза се резултат на нивните погрешни политики. Ветената сума од 80 милиони евра е десеткратно помала од штетите што ги трпат македонските граѓани и економијата. 

Затоа ГРОМ сака јасно да стави до знаење дека посетата на претседателот на Европската комисија не само што не не фасцинира, но не разочара по системот на „веќе видено“. 

Граѓанската опција за Македонија апелира до владината коалиција пореално да ги согледува состојбите и соодветно да ги застапуваат интересите на граѓаните на Македонија без разлика за каков калибар на странски дипломат станува збор, затоа што сведоци сме на секојдневно тонење во сите пори на општествениот живот, а подарените 80 милиони евра се капка во море.

  

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin