Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ГРОМ уште еднаш го повикува Мицкоски да му одговори на македонскиот народ  колку пати комисијата се состана и кои се наводните интервенции во текстот?

Од самиот почеток ГРОМ беше скептик во врска со таканаречениот француски предлог.

ГРОМ беше запрепастен од сознанието дека дел од опозицијата е влезена во оваа шема да асистира во изигрувањето на македонскиот народ.

Кооперативноста на Мицкоски со меѓународниот фактор се виде со формирањето на таканаречената работна група во собранието за наводното подобрување на текстот.

ГРОМ уште еднаш го повикува Мицкоски да му одговори на македонскиот народ  колку пати работната група се состана и кои се наводните интервенции во текстот?

Ставовите на СДСМ се јасни! Тие беа за референдум за промена на името, за прифаќање на бугарските услови и за започнување на преговорите со Европската Унија по секоја цена.

Но, на македонците не им се јасни ставовите на Мицкоски и уште еднаш го прашуваме дали дувачкиот перформанс во парламентот е дел од сценариото за преведување на македонскиот народ „жедни преку вода“.

ГРОМ уште еднаш бара и упатува апел до пратениците да го спречат изгласувањето на бугарско-францускиот предлог со сите расположливи средства.

 

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin