Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

МАСКИТЕ ПАДНАА: ГРОМ предупреди дека Мицкоски само го амортизира гневот на народот за францускиот предлог да помине

Почитувани Македонци

Маските паднаа, утрово лидерот на ВМРО ДПМНЕ јавно се огласи до власта дека,

-цитираме: Ова ќе ви помине (се мисли на францускиот предлог).

ГРОМ пред само една недела предупредуваше дека формирањето работни групи кои наводно ќе работат на подобрување на текстот од преговарачката рамка е само фарса со која лидерот на опозицијата  во однапред  планирано сценарио, заедно со СДСМ се договорени како да го амортизираат гневот на народот. Ова наше тврдење тој утрово со своето писание го потврди.

Затоа уште еднаш го прашуваме Господинот Мицкоски, кажете ѝ на јавноста за вашата фарса со работната група колку пати се состана и какво подобрување во текстот направи?

Ќе ѝ соопштите ли на јавноста за вашата фарса за наводното раскинување на коалицијата  со Алијанса за Албанците.

Ќе им кажете ли на македонците дека се договоривте со Зијадин Села дека место вас пратениците од Алијанса ќе го гласаат францускиот предлог а вие демек ќе протестирате пред Собрание и Владата на Република Македонија.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin