Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ГРОМ го осудува агресивното однесување на Арбер Адеми, но го осудува и кукавичкото однесување на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ

Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ го осудува вчерашниот настан на комисијата за европски прашања во македонскиот парламент. Посебно е загрижувачка невидената агресија на пратеникот Арбер Адеми која не доликува на поранешен министер и актуелен член на парламентот.

ГРОМ исто така најостро го осудува кукавичкото однесување на пратениците од ВМРО – ДПМНЕ . 15-тина пратеници дозволија Адеми да ги пцуе, навредува, да фрла кон нив со чаши и да ги полева како да се лалиња.
Со ова пратениците на ВМРО – ДПМНЕ уште еднаш потврдија дека немаат ништо во себе од комитското и не ги заслужуваат четирите свети букви од името на партијата затоа што по втор пат прават тензии во парламентот а потоа се повлекуваат.

Дури и кога пред себе имаат само една особа која грубо ги омаловажува.

Истото го направија и на 27 април 2017 година кога ја зовреа атмосферата во парламентот а потоа наместо тие физички да се пресметаат со политичките противници ги отворија вратите за да наместо нив тоа го направи народот. Резултат од таквото нивно кукавичко однесување се недолжните македонски родољуби кои гнијат по македонските затвори а пратениците од ВМРО – ДПМНЕ се на безбедно.

Затоа вчерашниот ден во македонскиот парламент е срамен за ВМРО – ДПМНЕ и во целост дојде до израз нивната неискреност и дволичност.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin