Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ГРОМ до Владата: Следува тешка зима, веднаш да се забрани извоз на жито и житни култури! (Видео)

Генерален секретар на ГРОМ, Крсте Петревски
Почитувани,
на војната во Украина не и се гледа крајот. Намаленото производство на жито и житни култури сериозно ќе влијае на производството на храна во целиот свет. Дополнително се усложнува ситуацијата со неможноста Украина да извезува со бродски транспорт како и санкцииите према Русија како два најголеми светски производители на овие култури.
Тоа значи дека треба да се подготвиме за тешка зима и затоа стоковите резерви за жито треба да бидат полни но во исто време владата треба веднаш да донесе одлука за забрана на извоз на жито и житни култури и уште од сега да ги обезбеди дополнителните количини на брашно и други продукти затоа што се очекува сите земји во регионот да забранат извоз на жито и брашно.
Производителите не смат да бидат оштетени и нивната цена да биде депресирана, напротив Граѓанската Опција за Македонија предлага откупната цена на житото да се формира според светските берзански цени. На таков начин ќе ги заштитиме производителите но во исто време ќе бидеме сигурни граѓаните, сточниот и живинскиот фонд на Македонија ќе бидат обезбедни за оваа и наредната година.
Повикуваме владата да постапува одговорно и сериозно да одговори на опасноста која не демне.
Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin