Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Централниот Одбор на ГРОМ ги избра раководните органи на партијата.

На седницата одржана 13.06.2022 години на Централниот Одбор на ГРОМ се избраа раководните органи на партијата.

Актуелниот Генерален Секретар на партијата, Крсте Петревски повторно ја доби довербата од членовите на Централниот Одбор и е избран за старо-нов Генерален Секретар.

Екс претседателот на Градската Организација на ГРОМ Скопје, Александар Трајановски е избран за Секретар за Меѓународна соработка.

За потпретседатели на партијата се избрани: Прим. Д-р. Добрила Андоновска, Биљана Петрушева и Проф. Д-р Александар Атанасовски

Беше избран и нов состав на Извршниот одбор на партијата кој сочинува 21 член. Избрани се повеќе нови личности од сите старосни структури и од повеќе сфери на стручност. Во извршниот одбор се внимаваше на родовата еднаквост и се избрани 10 жени или 48%. Избрани се следниве членови:

  1. Крсте Петревски – Дипломиран економист
  2. Добрила Андоновска – Прим. Д-р специјалист по Пластична и реконструктивна хирургија.
  3. Билјана Петрушева – Дипломиран економист
  4. Александар Атанасовски – Проф. Д-р  редовен професор на Фолозовски факултет, Скопје
  5. Александар Трајановски – Дипломиран правник
  6. Ристо Христов – Доктор на економски науки
  7. Зоран Најдановски – Машински Техничар
  8. Горан Михајлов – Дипломиран правник советник за осигурување
  9. Анто Трајаноски – 5-ти степен сообраќајно
  10. Сашо Милковски – Дипломиран економист
  11. Миле Спасовски – Дипломиран правник
  12. Слободан Ристовски – Факултет за јавна администрација
  13. Теа Јанакиевска – Студент на Филозовски факултет по психологија.
  14. Христина Борисовска – Професор по математика и физика.
  15. Гордана Тодоровска – Прим. Д-р специјалист по детска и превентивна стоматологија
  16. Весна Поповска – Инженер агроном-полјоделство
  17. Татјана Јанкуловска – Професор по одделенска настава
  18. Марта Куковска – Магистар по комуникологија во област односи со јавност.
  19. Бети Тасевска – Дипломиран менаџер по царина и шпедиција
  20. Магдалена Копчаровска Дедиќ – Дипломиран дефектолог олигофренолог

Се избра и Претседавач на Централниот Одбор на ГРОМ, Проф. Зоран Петрушевски од Куманово.

Како новитет се формира Совет на ГРОМ со него ќе претседава Проф Д-р Тодор Чепреганов и Проф. Д-р Ѓорѓи Чакарјаневски за потпреседател. Советот претставува советодавно тело за давање на мислења, ставови и предлози за прашања од стратегиско значење за работата и за развојот на Партијата и државата во целост. Составот на Советот го сочинуваат членови на ГРОМ и истакнати јавни личности од областа на науката, образованието, културата, спортот, бизнисот итн.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin