Потпретседател – Проф. Д-р Александар Атанасовски
Проф. Д-р Александар Атанасовски е роден на 19.02.1961 година во с.Вратиславца – Делчево. Основно образование завршил во родното село и соседното с.Драмче, а гимназија во Делчево, 1980 година. На Филозофски факултет се запишал во 1980 година, но поради регулирање на воената обврска студиите ги започнал во 1981/82 год., а ги завршил на 5 јули 1985 година.
Во 1986 година започнал постдипломски студии на Одделението за историја на македонскиот народ до крајот на 14 век. Од 1.Х. 1987 година е вработен како помлад асистент на Институтот за историја на Филозофски факултет по предметите: Историја на македонскиот народ – среден век и Историја на Византија.
Магистрирал на тема: Пијанец во XIII и XIV век, а докторирал на тема: „Македонија во XIV век“. На 3.VI 1998 година е избран за доцент, а на 14 мај 2003 година за вонреден професор.
На 27 февруари 2008 година е избран за редовен професор по предметите: Историја на македонскиот народ-среден век и Историја на Византија. По ЕКТС програмите: Историја на Македонија-среден век (до 969); Историја на Македонија-среден век (969-1395) ; Историја на Византија, 306-1054 и Историја на Византија, 1054-1453.
Во моментот според најновите програми ги предава предметите: Историја на средновековна Македонија; Средновековна Македонија-духовна култура, Историја на Византија и Византинци-приватен живот.