Потпретседател – Прим. Д-р. Добрила Андоновска
Прим. Д-р. Добрила Андоновска, специјалист по Пластична и реконструктивна хирургија.
Дипломирала на Медицински факултет во Скопје во 1983 година. Во 1984 година се вработила како професор по Анатомија во Средно Медицинско Училиште Д-р. Панче Караџозов во Скопје. Од 1985 – 2013 година била вработена во Градска Општа Болницa – Хирургија во Скопје, каде во 1992 година завршила специјализација по Пластична и реконструктивна хирургија.
Стручно се едуцирала во: Љубљана, Загреб, Софија, а учествувала на летна школа за хирургија во Оксфорд, учесник на бројни меѓународни конгреси и семинари. Била на повеќе раководни функции – помошник директор на Хируршката клиника, началник на Одделението за Пластична хирургија и го основала првиот Центар за третман на изгореници во Р. Македонија во 2000 година.
Во 2004 година одбранила јавен труд од областа на Хирургијата на ниво на магистарски труд.
Автор и коавтор на над 100 стручни и научни трудови.
Од 2013 -2020 година работи во Неуромедика Скопје, а од 2020 во One Hospital во Тетово.
Основач на ГРОМ, претседателка на Форумот на жени на ГРОМ – Карпош до јануари 2017 година кога е избрана за Претседателка на Форумот на жени на ГРОМ. Член на ЦО и ИО на ГРОМ.
Советник во Советот на Општина Карпош во мадндатите 2013 – 2017, 2017 – 2021 и од 2021 – 2025 година.