Потпретседател – Билјана Петрушева
Родена на 24 август 1965 година во Гевгелија. Дипломиран економист на отсекот Маркетинг Менаџмент.
Својата работна кариера ја започнала во 1994 година во приватниот сектор, а во 1997 година е вработена како службеник во Бирото за вработување – Гевгелија. Во 2003 година е назначена на позицијата Раководител, каде во 2006 година е прогласена за Раководител со најдобри резултати во Р.Македонија. Од 2006 година е вработена во Центар за вработување на Град Скопје при АВРМ како виш соработник за поддршка за услуги за вработување. Стручно се едуцирала со учество на повеќе семинари, обуки и работилници од областите на советување и посредување при вработување, професионална ориентација, планирање на кариера, анализа на пазарот на труд, развој на социјални услуги за ранливи групи население и други.
Член е на партијата ГРОМ од нејзиното основање, а од 2014 е избрана за член на ИО и ЦО на партијата. Советник во Советот на Општина Центар во мандатите 2017-2021 и 2021-2025.