Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Mини-шенген е шанса која треба да се искористи, а во исто време добар пример за нашиот источен сосед дека македонските граѓани имаат и други алтернативи

Почитувани граѓани,

Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ ја поздравува денешната средба помеѓу премиерите на Македонија и Албанија и претседателот на Србија.

Посебно радува фактот што ќе се потпишат три значајни договори кои ќе ја олеснат економската соработка и ќе помогнат за полесно надминување на кризните ситуации во регионот.

Слободниот проток на стока, луѓе и капитал ќе ги намали трошоците на производство и услугите, ќе го олесни и поевтини транспортот, ќе ја поттикне флуктуацијата на работна сила и регионот ќе стане поатрактивен за странски директни инвестиции затоа што се создава поголем пазар.

Ова ќе ја подобри регионалната соработка, ќе ги намали политичките тензии а ќе придонесе за подобар живот на граѓаните и повисок стандард.

Драго ни е што лидерите од Балканот конечно сфатија дека Европа не е решение за се и дека постојаните препреки што се поставуваат пред земјите од Балканот може полесно да се надминат ако владите за своите граѓани отвораат нови перспективи.

За ГРОМ, мини-шенген е шанса која треба да се искористи, а во исто време добар пример за нашиот источен сосед дека македонските граѓани имаат и други алтернативи.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin