Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ЈАКИМОВСКИ ЗА ТВ 24: СЕКОЈ ГРАДОНАЧАЛНИК ТРЕБА ДА ОСТАВИ ГОЛЕМИ ДЕЛА ЗАД СЕБЕ

.Стевчо Јакимовски претседателот на партијата Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ, во Студио 10 истакна дека функцијата градоначалник е одговорна и дека секој градоначаник треба да придонесе за унапредување на општината каде е поставен.

„Четири години не се малку. За тој мандат се решаваат многу проблеми. Јас на чело на Карпош и со Коце Трајановски на Скопје дадовме многу во инфраструктурата. Тоа се крупни зафати. Секој градоначалник треба да остави големи дела зад себе за да го паметат.“ – рече Јакимовски.

Тој говореше за состојбата со дивоградбите во градот, но и ја повика државата слободно да го испита неговото работење.

„Ниту еден стан немам. Одговорно тврдам. Целата таа приказна мораше да издише, а тоа мораше да дојде преку кривични пријави. Јас стојам зад тоа дека државата може да ме контролира кога сака и каде сака. Јас треба секогаш да бидам исправен и кога тоа ќе се констатира, треба да го признае. Јас сум прогласен за најуспешен градоначалник во југоисточна Европа“, изјави Јакимовски.

Извор www.24.mk