Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Љупчо Пренџов: Заев најавува ново поскапување на електричната енергија

Фејсбук статус на Потпреседателот и актуелен пратеник на ГРОМ

Наместо да се задолжевме и да ја изградиме хидроцентралата Чебрен – Галиште (што претставува втора најголема брана во Европа) и хидроцентралата Бошков Мост, тие се задолжуваа со милијарди за разно – разни ваучери за купување гласови и нов едно – две годишен мандат на Заев.
Денес срамежливо ни најавува ново поскапување на електричната енергија што само по себе подразбира нови поскапувања на сите продукти потребни за живот, инфлација и намален животен стандард.
Паралелно, месециве кои поминаа во 2021 година, нѐ задолжи со повеќе од 1 милијарда евра, попатно ги качи акцизите за горивата и дел од даноците кон државата и општините.
Не сум видел Премиер на друга држава кој толку многу ги уништува и ги става во подредена положба следните генерации на граѓани во државата чив Премиер ѐ!

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin