Јакимовски: Што уште треба да се случи за Филипче да си даде оставка
Буквално оваа Влада не знае кај тера и справувањето со корона кризата е врв на неспособноста на Владата на Заев, истакна претседателот Јакимовски во емисијата “24 Анализа” на Телевизија 24.
Ковид кризата и набавката на вакцините – дали кинески, дали руски или незнам какви вакцини, е исто како да имате милион глувци во куќата а вие размислувате каква мачка да набавите: жолта, црна или бела.
Ние имаме нефункционален политички систем, нефункционален правен и судски систем, нефункционална пазарна економија и здравствен систем.
Што уште овој човек треба да направи, односно не треба да направи за да сноси одговорност. Без тронка срам. И јас сум бил министер во три Влади, но да ми се случило мене ова, вака да каскам зад проблемите и ваков гаф со вакцините, најмалку што можам да направам е да си поднесам оставка и повеќе никогаш да не се појавам во јавност.
Ова се страшни пропусти на Филипче за кои мора да се сноси одговорност.