Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Пренџов до Шекеринска: Дали и кога ќе си поднесете оставка поради меѓународниот срaм кој што и се случува на Р. Македонија во НАТО?

На денешната седница каде пратениците имаат можност и право да поставуваат пратенички прашања до претставниците од власта, своето право го искористи и пратеникот и потпреседател на ГРОМ, Љупчо Пренџов.

Имено, Пренџов директно ја посочи министерката Шекеринска како главен виновник за меѓународниот срам кој што и се случува на Македонија во рамките на НАТО во врска со предлозите и непрофесионалниот избор на кадри кои што таа ги испраќала како претставници на државата во НАТО.

„Република Македонија е две и пол години без највисок претставник во НАТО во Брисел. Ова е дискредитација на државата и тоа не од било кој, туку од министерот за одбрана Радмила Шекеринска. Причината е тоа што таа предлага кандидати, а НАТО ги одбива. Деновиве поради безбедносни причини НАТО ни одби уште еден кандидат кој исто така го предложила Радмила Шекеринска. Причината е тоа што таа предлага кандидати, а НАТО ги одбива. Деновиве поради безбедносни причини НАТО ни одби уште еден кандидат кој исто така го предложила Радмила Шекеринска. НАТО почива на доверба помеѓу сојузниците, а Шекеринска таа доверба ја прокоцка уште во првите чекори. Изборот на кадри кои што се блиски до одредени функционери од актуелното владејачко мнозинство го покажуваат фактот во вените на чија партија тече малигно источно заболување, како што би кажала Радмила Шекеринска“, рече пратеникот Пренџов.

Тој посочи дека непрофесионалноста на Радмила Шекеринска носи само штети и го руши угледот на Македонија. Токму затоа тој упати неколку прашања до Шекеринска и побара одговори за овие дилеми, но и нејзина одговорност и оставка од позицијата министер за одбрана.

„Нејзината непрофесионалност штети на државата. За жал, за Шекеринска нема втора шанса за прв впечаток. Ја прашувам, кој е одговорен за оваа лакрдија која што и се случува на Република Македонија? Ја прашувам, кого и за кого шпиунирале овие генерали кои не можат да добијат безбедносен сертификат од НАТО?

И на крај, иако Шекеринска не е тука, ја прашувам дали ќе си поднесе оставка, со што како држава барем малку ќе го покриеме меѓународниот срам кој што ни се случува со НАТО?“, заврши Љупчо Пренџов.

Текст Инфомакс

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin