Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

СДСМ и нејзините коалициони партнери можеби заборавиле, но опозицијата не заборава за ветеното, нестореното, а излажаното.

Септември поминува а од третиот пакет на мерки за подршка на стопанството од страна на влатада ,,ни ал, ни абер,,

СДСМ и нејзините коалициони партнери можеби заборавиле но опозицијата не заборава за ветеното, нестореното, а излажаното.

Зоран Заев и неговата дружина за месец септември најави таканаречен ,,викенд без ДДВ”. Викенд, од четврток навечер до понеделник наутро без плаќање на ДДВ.
Најавија и безкаматна кредитна линија за микро и мали компании со 30 проценти грант за оние кои се водени од жени, а ќе вработуваат млади лица, се извозно ориентирани и кои ќе воведат иновации, дигитализација и “е – трговија” во нивното работење.

Третата мерка предвидена, а неостварена за овој месец беше да се обезбедат државни гаранции за кредитна подршка на приватниот сектор со кои ќе се гарантираат над 65 милијони евра нови заеми за малите и средни претпријатија.
Стопанството, менаџрите а и целата македонска јавност во исчекување на овие мерки се чувствуваат целосно излажани. За жал, не помагаат ниту залудните прес конференции од владините коалициони партнери, ниту листчиња со докази за обврска за изготвување на некаков си законик. Граѓаните прашуваат зошто тоа не е остварено? Зошто фирмите се излажани? Бадијала СДСМ се обидува да купи време. Ако стопанствениците, менаџерите, работниците, синдикатите, невладинитѕе организации, се замолчени, опозицијата нема да молчи и во континуитет ќе го потсетува СДСМ и неговите коалициони партнери за ветените а неостварените лаги

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin