Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ: Макрадули чека влез во НАТО за почист воздух, а Шилегов мисли само како да им ги земе парите на граѓаните!

Претседателот на Градската Организација на Скопје на ГРОМ и член на Советот на Град Скопје, Александар Трајановски, денес одржа прес по повод енормното загадување на воздухот и притоа истакна дека мерките кои ги превзема извршната и локалната власт се несуштински, недоволни и популистички, а планот за почист воздух очигледно дека не постои.

Во продолжение интегрален текст од пресот:

Почитувани, министерот за екологија не се бави со проблемите на граѓаните, макрадули чека влез во НАТО за почист воздух, а Шилегов мисли само како да им ги земе парите на граѓаните од џебот. Каде е планот за почист воздух кој го имаа и го ветуваа, вели советникот во Град Скопје, Александар Трајановски.

-Состојбата со загадувањето на воздухот е алармантна и повеќе од загрижувачка. Мерките кои ги превзема градот Скопје и владата се несуштински, недоволни и популистички.
Целокупниот план кој тврдеа дека наводно го имаат, преставува фијаско и замајување на јавноста, најдобар доказ е рекордното ниво на загаденост, со што Скопје се здоби со прво место и стана најзагаден град во Светот.

Веќе станува збор за потврдена лага, нема чист воздух како што ветуваше градоначалникот Шилегов. А ветуваа дека имаат план, дека имаат визија. Нема суштински мерки, а како минува времето, повеќе од очигчедно е дека план за почист воздух не постои.

Тие лажеа и лажат, и си поигруваат со здравјето на луѓето. Потребно е прогласување на вонредна состојба и итни и драстични мерки кои ќе ги предложат стручњаците и експерите. Да престанат мерките кои се несуштински, експериментални и се замајување на јавноста. Единствено што паметат скопјани како мерка е поскапиот паркинг ,а полни џебови на градот Скопје, но не и ефект за почист воздух. Потребна е сериозна иницијатива и активизам веднаш, план за почист воздух дефинитивно нема, се вели во изјавата.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin