Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Прес-конференција: НОВА ДЕТСКА ГРАДИНКА ЗА МАЛИТЕ КАРПОШАНИ ВО ЗЛОКУЌАНИ

10.10.2017 година

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, најави изградба на нова детска градинка во населбата Злокуќани.  Со тоа, како што истакна Јакимовски, после поставувањето на камен-темелникот за изградба на нова детска установа во населеното место Бардовци, и најмладите карпошани од Злокуќани ќе добијат воспитно-образовен детски објект.

  • Оваа градинка ќе чини околу 350.000 евра, пари обезбедени од буџетот на локалната самоуправа. Со ова ја прошируваме мрежата на детската заштита, и нашите граѓани од ова населено место, нема повеќе своите деца да ги носат во градинките во Карпош 4 или Влае 2, потенцираше Јакимовски.

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, напомена дека во сите 14 урбани и месни заедници на територијата на Општината ќе има детски установи, со што родителите од Карпош ќе можат своите деца да ги носат во детска установа блиску до нивните домови и места на живеење.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin