Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ПРЕС -КОНФЕРЕНЦИЈА: НОВО ЗЕЛЕНИЛО ВО КАРПОШ И ПОДОБРА ИДНИНА ЗА МЛАДИТЕ

27.09.2017 година

Во новиот хортикултурно уреден парк, со дрвја и зелени садници, кој се наоѓа спроти студентскиот дом „ Гоце Делчев“, на бул. Теодосиј Гологанов, кандидатот за градоначалник на Општина Карпош и воедно претседател на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски, ја најави стратешката визија за Карпош во наредниот четиригодишен период.

-Со дигнитет, и чист образ одново бараме нов четиригодишен мандат од граѓаните на Општина Карпош, бидејќи во изминатите 8 години, неуморно работевме и ги решававме сите проблеми на Карпошани. Затоа токму од ова место ги најавувам петте стратешки цели кои јас како кандидат за градоначалник ги презентирам пред Карпошани, потенцираше Јакимовски.

Првата стратешка цел се однесува на зеленилото. И денес Карпош претставува најзелена општина во Градот Скопје, но за одговориме на манипулациите на противкадидатите, ние ќе засадиме нови 250.000 квадратни метри зеленило, што значи Општина Карпош ќе има вкупно 1 милион зелена  тревна површина , збогатена со дрвја и садници,  или 16 метри квадратни по жител, т.е  за 2,3 пати повеќе од светски пропишаниот стандард  кој изнесува 7,5 метри квадратни по жител.

Втората цел се однесува на подобрување на екологијата, особено во зимскиот период, со давање на стимулации за замена на старите шпорети с нови апарати по европски еколошки стандарди. Ќе даваме дополнителни стимулации за користење на алтернативни извори на енергија и пред секој новоизграден објект ќе има најмалку по еден прочистителен билборд кој ќе продуцира кислород за околу 1.000 нови дрвја.

Граѓаните бараат да го решиме проблемот со сметот и ѓубрето во Општина Карпош, и ние тоа ќе го направиме. Ќе издвоиме дополнителни 150 милиони денари за изградба на подземни контејнери и веќе сликата со расфрлан смет и ѓубре во Карпош 1,2,3,4 и Порта Влае ќе биде минато.

Четвртата стратешка  цел се однесува на проблемот со паркирањето. Овој проблем најмногу го создаваат граѓани од Центар кои своите автомобили ги паркираат на територијата на Општина Карпош. Во Карпош 1, кај Млечен ресторан, кај Министерството за економија, кај болницата „ 8 Септември“ во Лептокарија и кај Порта Влае, ќе изградиме платформи за паркирање. Секој жител од овие населени места ќе има далечински управувач и само тие граѓани ќе можат да си паркираат на нивните паркинзи.

И петтата стратешка цел за мене лично е најдрага, бидејќи директно ќе се заложиме за решавање на станбениот статус на младите брачни парови кои живеат во карпошовата локална самоуправа. Односно, ќе отстапиме општинско или државно земјиште на кое ќе се градат семејни домови со мали дворови  по цена не поголема од 350 евра по квадратен метар. Исто така младите брачни двојки ќе бидат ослободени од плаќање на комуналии.

Освен овие пет главни стратешки цели, кандидатот за градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, истакна дека и понатаму ќе се реновираат фасади на згради, ќе се реконструираат лифтови, ќе се заменуваат азбестни покриви на индивидуални и колективни станбени објекти, ќе се помага на социјално ранливите категории, ќе се доделуваат стипендии на спортисти и талентирани ученици, ќе се градат плоштади, детски паркови, ќе се реновираат училишта, градинки, односно ќе се прават сите работи кои и досега општинската администрација на Општина Карпош предводена токму од него, во изминатите осум години, работеше за подобрување на квалитетот на животот на  карпошани.

                                   

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin