Хуманитарна акција на Форумот на жени -ГРОМ: ЗА ПОЛНИ РАНЦИ СО ПЕТКИ
09.09.2017 година
Жените на Граѓанската Опција за Македонија – ГРОМ, во период од 5-7 септември 2017 год., организираа хуманитарна акција – “ ЗА ПОЛНИ РАНЦИ СО ПЕТКИ “ донирајќи училишен прибор, материјали и опрема на семејства на кои им беше и повеќе од потребно за да им овозможат на своите најмили успешен почеток на новата учебна година.
Секој подарок кој е подарен од срце има непроценлива вредност за сите на кои се подарува, но уште поголема радост на тој што подарува. За сите нас насмевките и озарените лица на дечињата ги направија овие денови за паметење и беа доволен поттик да продолжиме и понатаму со ваква работа.
Форумот на жени на ГРОМ на сите ученици им посакува успех во новата учебна година.