Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ЈАКИМОВСКИ: БРЗО РАСЧИСТУВАЊЕ НА ДИПЛОМАТСКИОТ СКАНДАЛ И ПОЛИТИКА НА ЕКВИДИСТАНЦА

22.08.2017 година

Претседателот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски на  прашањето за повлекување на службениците во Српската амбасада во Република Македонија, се изјасни дека тоа е дипломатски скандал за кој ќе бара, институционална разврска.

Јакимовски истакна дека ќе побара преку пратениците на ГРОМ, во  Собранието на Република Македонија да побараат официјална информација од Владата на Република Македонија, односно од Министерството за надворешни работи и Управата за безбедност и контраразузнавање.

– Апсолутно ги осудуваме сите дипломатски инциденти, односно секакво влошување или заострување на односите помеѓу два соседни братски народи. Ние како политичка партија секогаш се залагаме за добри односи со сите наши соседи, без разлика дали е тоа со Србија, Бугарија, Албанија, Косово или Грција, т.е ја почитуваме политиката на поранешниот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, политика на еквидистанца со сите соседи. Исто така воопшто не сакаме да бидеме во средина на односите помеѓу Србија и Косово, и со тоа да заземаме субјективно страна, влошувајќи ги притоа добрососедските односите со другиот наш сосед, категоричен беше лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

Првиот човек на ГРОМ, нагласи дека особено е загрижен од изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој истакна дека не сака српскиот дипломатски кор во Република Македонија да биде третиран како „ иранската амбасада во САД“.

-Колку што сум упатен, а верувам дека е и така, српската влада или српската држава не е финансиер на некакви терористички групи, па така нема потреба амбасадата на Р. Србија кај нас да биде вмешана во скандал на прислушкување со кој длабоко, трајно можат да ги заострат нашите меѓусоседски односи, да се нарушат односите меѓу братските народи, и македонските и српските граѓани. Тоа сценарио не е посакувано за никој од двете страни на границата, дециден беше Јакимовски.

Лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски исто така, истакна дека нашите безбедносно- разузнавачки служби не треба да бидат послушници на ЦИА, туку треба да ги гледаат секогаш во прв ред националните и државните интереси, односно интересите на граѓаните на Република Македонија.

-Се надевам дека во духот на добра воља, овој дипломатско- разузнавачки скандал ќе биде докрај расчистен, разјаснет и целосно демистифициран за јавноста, бидејќи не смее да постои ниту најмала дамка, која ќе биде „ камен на сопнување“во односите меѓу двете земји и двата народи.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin