ПОВИК НА МАКЕДОНСКИ ИСТОРИЧАРИ: Да го одбраниме нашето уставно име, македонски јазик и македонска историја
27.07.2017 година
Исправени пред конечната разрешница на македонското прашање, која може да биде со катастрофални последици за Република Македонија и македонскиот народ, ние, како македонски интелектуалци, историчари, универзитетски професори остро се спротивставуваме на обидите за промена на вековното историско име на нашата држава – Македонија.
Се спротивставуваме и ги отфрламе обидите за редефинирање, промена и фалсификување на македонската историја – чијашто конечна цел е уништување на македонската нација со сите нејзини идентитетски обележја.
Воедно ги повикуваме сите општествено-политички фактори во Република Македонија да застанат во одбраната на нашето уставно име, македонскиот јазик и македонската историја.
Како интелектуалци ја повикуваме власта и опозицијата во Република Македонија да постигнат единство околу македонските државни и национални интереси и да пристапат кон изготвување македонска државна стратегија во која јасно ќе бидат дефинирани столбовите на македонската државност за кои ќе нема никакви преговори.

