Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ПРЕС -КОНФЕРЕНЦИЈА: ГРОМ предупредува -колку е штетен договорот со Бугарија?

09.07.2017 година

Поттикнат од неодамнешните превирања на дипломатски план помеѓу Македонија и Бугарија, денеска, потпретседателот на ГРОМ Љупчо Пренџов одржа прес конференција за медиумите, цврсто истакнувајќи го ставот на својата партија.

 

 

  • Очигледно дека притисокот од јавноста и политичките партии за договорот за добрососедство со Бугарија не можеа да го издржат ниту Зоран Заев ниту МАНУ. Како одговорија на притисокот? Со пиење кафе.Се прашуваме каков е овој премиер? На кафе ќе ги решел ситниците од договорот со Бојко Борисов, на кафе-муабет во МАНУ ќе ги замолчи академиците – посочи Пренџов.

Претседателот на МАНУ, академик Таки Фити вчера јасно кажа дека од страна на Заев ништо не им било соопштено, туку тие едноставно, само пиеле „заедничко кафе“.

  • Претседателот на МАНУ, академик Таки Фити веќе обзнани дека заеднички си го чествувале со Бугарите Св. „Кирил и Методиј“. Како тоа г-не Фити за чествувањето на св. Кирил и Методиј одлучувате само вие експертите, а за заедничко чествување на Илинден ќе ви одлучуваат политичарите и вие ќе ја замајувате јавноста дека не знаете за што се работи. Ако не знаете други делови од договорот, знаете дека Заев и Борисов имаат намера да го чествуваат заедно Илинден. Зошто за ова молчите? – прашува потпретседателот на ГРОМ , Љупчо Пренџов.

Тој додава дека на Зоран Заев и на СДС им се полни устите со тоа, дека ќе имало дебати.

  • За три недели е Илинден. Нема ни Д од дебата, но затоа Бојко Борисов се однесува одговорно кон својата нација.Тој веќе уште на 5-ти Јули го доставил договорот до комисијата за надворешни работи во бугарскиот Парламент – вели Пренџов.

Според него, тоа значи дека договорот е готов, штом пратениците во бугарскиот Парламент веќе го разгледуваат.

  • Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов вчера во својата изјава јасно кажа дека преговорите со Република Македонија за склучување на договорот се водат интензивно од 2008 година, при што, до овој момент имало 11 експерски средби. Борисов исто така истакна, дека било која бугарска Влада да преговара со Македонија, тие од своите ставови не отстапуваат – додава потпретседателот Пренџов.

Граѓанската опција за Македонија се запрашува, со кое право Социјалдемократскиот сојуз и Зоран Заев ќе прави отстапки, откако и дефакто, претходно ги изгуби парламентарните избори.

  • Вакви договори кои задираат во темелите на македонското национално постоење, далеку од очите на јавноста, не може да ги потпишува партија и премиер кои ги изгубиле парламентарните избори.ГРОМ предупредува дека потпишувањето на ваков битен договор, набрзина, во сред лето за време на годишни одмори од страна на „сезнајкото“ Заев, без широк научен и политички консензус, ќе предизвика дополнителни конфронтации во и онака зовриената политичка сцена во РМ.Одговорноста за нестабилноста во РМ ќе си ја сноси Зоран Заев и неговите погрешни политики – финишираше Љупчо Пренџов.
Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin