Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ПРЕС -КОНФЕРЕНЦИЈА: МАНУ ДА ОДГОВОРИ НА СКАНДАЛОЗНИТЕ ИЗЈАВИ НА БОЖИДАР ДИМИТРОВ

05.07.2017 година

Молкот, после скандалозната изјава на поранешниот бугарски министер за Бугарите во дијаспората, со која искажа невидено омаловажување врз Македонската академија на науките и уметностите, врз академиците, како и врз македонскиот национален идентитет и Македонците, беше повод претседателот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски, да даде изјава за медиумите. На конференцијата за печат Јакимовски потенциташе дека досега никој не реагирал на ваквите навреди.

Лидерот на ГРОМ ја цитираше изјавата на Димитров со која тој вели: „Со новиот договор за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, ќе престане кражбата на бугарската историја и Македонците ќе се откажат од досега украдената историја“ како и „исправете ги учебниците по историја без тие кражби“ со зачуденост истакнувајќи дека ако се корегира историјата во учебниците македонските деца ќе учат „ историја каква што учеле до 1944 година“.

  • Димитров додава дека ние сме немале кадри, а тоа значи дека историјата ќе ја пишуваат бугарските историчари. На крајот тој вели дека МАНУ ќе се откажела да се изјасни против потпишување на довогор со Бугарија по тие точки и додава за нашите академици  дека се луѓе кои сакаат да живеат и да примаат плати, кои знаат дека Зоран Заев ќе ги избрка од работа ако тргнат против него, напомена Јакимовски.

ВИДЕО ОД ИЗЈАВАТА

Првиот човек на ГРОМ истакна чудење од тврдењето на поранешниот министер Димитров кој во својата изјава истакна дека тоа се луѓе кои ако им дадеш пари за возврат ќе се пишат Бугари, како „ стара македонска практика“. Јакимовски категорично изјави дека досега никој нема кажано вакви навредливи зборови за една важна македонска институција и за луѓето кои ја претставуваат истата, за нашите академици, за нашиот научен врв, за нашата гордост.

  • Господине академик Таки Фити, господине Камбовски, и вие останати академици, зошто молчите? Точно ли е ова што го зборува Божидар Димитров дека вие сте уплашени, уценети или сте лесно поткупливи? Каде е академикот Блаже Ристовски кој направи кариера на антибугарските научни трудови? Впрочем, каде е неговата ќерка Лилјана Поповска, која е лидер на политичката партија ДОМ да се огласи со соопштение?!

Лидерот на ГРОМ  Стевчо Јакимовски, напомена дека како партија постојано ќе бараат одговор на оваа национална тема, со нагласување дека како што политичарите трошат народни пари, така и МАНУ и академиците кои ја претставуваат научната институција трошат пари на граѓаните, и носат уште поголема одговорност.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin