
15.05.2017 година
На 12 -ти мај беше одржан изборен состанок на Форумот на жени на ГРОМ -Росоман. За претседател на Форумот на жени на ГРОМ -Росоман беше избрана Љупка Ристевска, за потпретседател Марина Атанасовска, за секретар Славица Трипунова.
На изборниот состанок присуствуваа Добрила Андоновска претседател на Форумот на жени на ГРОМ, Славица Новачевска генерален секретар, Валентина Додевска организационен секретар, претседателката на Форумот на жени на ГРОМ -Неготино Христина Трајков
ска и претседателот на ОО на ГРОМ -Илинден Горан Гочевски.
На состанокот се разменија согледувања за актуелната политичка ситуација, се дискутираше за проблемите со кои се среќаваат жените од Росоман и за нивно можно решавање и за годишната програма на активности која ќе ја реализира Форумот на жени на ГРОМ – Росоман. Изборниот состанок помина во пријатна атмосфера и сите се збогатија со нови пријателства кои се добра основа за успешна соработка.