Форумот на жени на ГРОМ со хуманитарна акција „За среќни Велигденски празници“
06.04.2017 година
Форумот на жени на ГРОМ, во пресрет на Велигденските празници ќе реализира активност „За среќни Велигденски празници”. Форумите на жени ширум Македонија ќе посетат семејства од социјален ризик, семејства на самохрани родители, стари лица, старечки домови и центри. Ќе подарат љубов и поддршка на своите соседи.