Прочка – Хуманитарна акција
Прости, простено нека ти е – толку едноставни зборови, а посилни се од најмоќното оружје во светот. За големиот христијански празник Прочка Форумот на жени ГРОМ – Штип традиционално ги посети старите и изнемоштени лица во старечкиот дом во Штип, се со цел и тие да го почуствуваат и доживеат овој голем христијански празник и да се присетат на традиционалните обичаи, а токму тие обичаи ги полнат со љубов нашите домови. Честит и вечит нека е празникот ПРОЧКА.