ЖЕНИТЕ ВО ПОЛИТИКАТА – ПРИДОНЕС ЗА РАМНОПРАВНОСТА КАКО ТЕМЕЛНА ВРЕДНОСТ
ГОВОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ГРОМ СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ НА ОСНОВАЧКОТО СОБРАНИЕ НА ФОРУМОТ НА ЖЕНИ НА ГРАЃАНСКАТА ОПЦИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА
ДРАГИ ДАМИ, ПОЧИТУВАНИ ГОСПОЃИЦИ И ГОСПОЃИ
ЗАДОВОЛСТВО МИ Е ШТО ВЕ ГЛЕДАМ ВО ВОЛКАВ БРОЈ, ВОСХИТЕН СУМ КОЛКУ ЕНЕРГИЈА ИМА ВО ВАС И ВИ БЛАГОДАРАМ ШТО ОДВОИВТЕ ОД ВАШЕТО СКАПОЦЕНО ВИКЕНД ВРЕМЕ, ОД ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА, ДЕНЕС, НА 15 ЈАНУАРИ 2017 ГОДИНА, ДА ДАДЕТЕ СВОЈ ПРИДОНЕС ВО ОСНОВАЊЕТО НА СОБРАНИЕТО НА ФОРУМОТ НА ЖЕНИТЕ –ГРОМ!
ВИ БЛАГОДАРАМ ШТО ОВАА НЕДЕЛА ЈА ПОСВЕТИВТЕ НА ОСТВАРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ЗАЕДНИЧКИ ЦЕЛИ, А ТОА Е СОЗДАВАЊЕ НА СТАБИЛНО, ХУМАНО, ДЕМОКРАТСКО, ЕКОНОМСКИ ПРОСПЕРИТЕТНО ОПШТЕСТВО ВО МАКЕДОНИЈА.
ВИЕ, ПОЧИТУВАНИ ДАМИ, НИЗ ИСТОРИЈАТА СЕКОГАШ ЈА ПОДНЕСУВАВТЕ ПОТЕШКАТА СТРАНА ОД ЖИВОТОТ, МНОГУ ЧЕСТО БЕВТЕ ХЕРОИ НА СВОЕТО ВРЕМЕ, НО И НА ИСТОРИЈАТА.
НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1919 ГОДИНА Е УБИЕНА НЕУМОРНИОТ БОРЕЦ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА- РОЗА ЛУКСЕМБУРГ. ВЕЧЕРТА, ПРЕД НЕЈЗИНАТА СМРТ, ОСТАВИ ПИСМО ВО КОЕ ОСТАНА ЦВРСТА И ДОСЛЕДНА НА БОРБАТА ПРОТИВ НАСИЛСТВО, ПРЕДРАСУДИТЕ, ДИСКРИМИНАЦИЈАТА, УГНЕТУВАЊЕТО И СИТЕ ДРУГИ ВИДОВИ НА ПОНИЖУВАЊЕ. ТАА ЗАМИНА СО ЗБОРОВИТЕ: „ЈАС БЕВ, СУМ И ЌЕ БИДАМ ЗА ЕДНАКВИ ПРАВА НА РАБОТА И ОБРАЗОВАНИЕ!“
ЈА СПОМНУВАМ РОЗА ЛУКСЕМБУРГ НАДВОР ОД БИЛО КАКОВ ПОЛИТИЧКИ КОНТЕКСТ, КАКО ПРИМЕР НА ЖРТВА ЗА ОПШТО ДОБРО И ЗА ИЗГРАДБА НА ОПШТЕСТВО СО ЕДНАКВИ ШАНСИ И ПОЧИТУВАЊЕ НА ИНДИВИДУАЛНИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ.
АКТИВНОТО УЧЕСТВО НА ЖЕНИТЕ ВО ПОЛИТИКАТА ГО ЕЛИМИНИРА ЛОШОТО ОДНЕСУВАЊЕ И ПРИДОНЕСУВА ЗА РАМНОПРАВНОСТ КАКО ТЕМЕЛНА ДЕМОКРАТСКА ВРЕДНОСТ.
СО РЕЗОЛУЦИЈАТА 1325 НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ОД 2000-ТА ГОДИНА СЕ ДЕФИНИРА УЛОГАТА НА ЖЕНАТА ПО ПРАШАЊЕТО НА МИРОТ И БЕЗБЕДНОСТА. ТОА ЗНАЧИ ДЕКА БЕЗ ЖЕНИТЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОСТИГНЕ ВИСТИНСКА И ЦЕЛОСНА СТАБИЛНОСТ. ЕДЕН ОД ГОРЛИВИТЕ ПРОБЛЕМИ НА СВЕТСКО НИВО БЕШЕ ЗАГРОЗУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА НА СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ И ДРУГИ МАНИФЕСТАЦИИ. ЕДНА ДАМА КОЈА ЈА ВИКАА „ЧЕЛИЧНАТА ЛЕЈДИ“ НÈ ПОБЕДИ НАС МАЖИТЕ, ВО НАШАТА НАЈМАШКА ИГРА- ФУДБАЛОТ. КОГА ХУЛИГАНИТЕ НАПРАВИЈА НЕРЕДИ КОИ СЕ ПРЕТВОРИЈА ВО ТРАГЕДИЈА НА СТАДИОНОТ „ХЕЈСЕЛ“ И ЗАГИНАА 39 ЛУЃЕ, ТАА ОДЛУЧНО РЕЧЕ: „НЕМА ЗБОРОВИ, НЕМА МОЖНИ ОПРАВДУВАЊА-ВИНАТА Е ВО АНГЛИЈА!“
ОДЛУЧНО И ЦВРСТО ГО РЕШИ ТОЈ ПРОБЛЕМ КАКО ШТО ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО ЗАТВОРАЊЕТО НА РУДНИЦИТЕ КОИ СОЗДВАА ОГРОМНИ ЗАГУБИ НА АНГЛИСКОТО СТОПАНСТВО И ЈА НАПРАВИ БРИТАНИЈА ОД ЕКОНОМСКИ ЗАВИСНО ВО САМОСТОЈНО ОПШТЕСТВО.
ТАА ВЕЛЕШЕ: „ВО ПОЛИТИКАТА АКО САКАШ НЕШТО ДА КАЖЕШ, ПРАШАЈ ГИ МАЖИТЕ, АКО САКАШ НЕШТО ДА НАПРАВИШ-ВИКНИ ГИ ЖЕНИТЕ!“
ЗАТОА ДЕНЕС ВЕ ПОВИКАВМЕ! НЕМОЖЕМЕ НИЕ МАЖИТЕ САМИ. НИ ТРЕБАТЕ ВИЕ ЖЕНИТЕ ДА ГО МЕНУВАМЕ ОПШТЕСТВОТО НА ПОДОБРО, СЕ РАЗБИРА.
ДА НАПРАВИМЕ ДЕМОКРАТСКО ОПШТЕСТВО ВО КОЕ ПРИВАТНОСТА И ИНДИВИДУАЛНИТЕ ПРАВА ЌЕ БИДАТ СВЕТИЊА, ДА ИЗГРАДИМЕ ПРАВНА ДРЖАВА, ЕКОНОМИЈА КОЈА ДАВА ЕДНАКВИ ШАНСИ ЗА СИТЕ, ОПШТЕСТВО БЕЗ ПРЕДРАСУДИ И ДИСКРИМИНАЦИИ И ОДГОВОРНОСТА ДА БИДЕ ГЛАВЕН УСЛОВ ЗА ПРОЦЕНКА НА КВАЛИТЕТОТ НА ПОЛИТИЧАРИТЕ.
АЈДЕ ЗАЕДНО ДА ЈА МЕНУВАМЕ МАКЕДОНИЈА, КАКО ШТО СВЕТОТ ГО МЕНУВАШЕ МАРИЈА КИРИ. ПОВЕДЕТЕ ГИ ЖЕНИТЕ КАКО ШТО ГИ ВОДЕШЕ ВОЈСКОВОДЕЦОТ ЈОВАНКА ОРЛЕАНКА И ПРОДОЛЖЕТЕ СО ВАШАТА ХУМАНОСТ КАКО ШТО ЈА ГЛЕДАМЕ НА СЛИКИТЕ. БИДЕТЕ МИРОТОВОРЦИ КАКО ШТО БЕШЕ МАЈКА ТЕРЕЗА.
ПОЛИТИКАТА НА ГРОМ НЕ Е „ДАЈТЕ НИ“, ТУКУ ДА НАПРАВИМЕ САМИ. ВИЕ ДЕНЕС НА ТАА ПОЛИТИКА И ДАВАТЕ ОГРОМЕН ПРИДОНЕС. ВЕЛАТ, ЗА ЖЕНИТЕ СЕ СЕЌАВАМЕ САМО КОГА Е 8-МИ МАРТ. НЕ, ЗА ЖЕНИТЕ СЕ СЕЌАВАМЕ СЕКОГАШ КОГА НИ ТРЕБА НЕШТО ЖИВОТНО ВАЖНО.
ЛУЃЕТО СОЗДАВААТ ДЕЛА, А ЖЕНИТЕ СЕ ТИЕ КОИ СОЗДАВААТ ЛУЃЕ!
НИЕ ЗАЕДНО СОЗДАДОВМЕ ПАРТИЈА КОЈА СЕ НАМЕТНА СО СВОЈ ПРЕПОЗНАТЛИВ СТИЛ НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА ВО МАКЕДОНИЈА.
НАШИОТ ЗАШТИТЕН ЗНАК Е – ХРАБРО! НЕ НÈ УПЛАШИЈА НИ ПОЛИТИЧКИ ПОСИЛНИТЕ ПРОТИВНИЦИ, НИТУ БОМБИТЕ, НИТУ СПЕЦИЈАЛНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО И „СПЕЦИЈАЛКИТЕ“ ВО НЕГО. НЕ НÈ УПЛАШИ НИТУ „ЧАДОРОТ“ ЗАТОА ШТО ЗНАЕМЕ ДЕКА СМЕ ВО ПРАВО, ЗАТОА ШТО ГИ БРАНИМЕ НАШИТЕ ТЕМЕЛНИ ВРЕДНОСТИ, А ТОА СЕ ГРАЃАНСКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ.
НИЕ ОД ГРОМ СМЕ ЗА ЕДИНСТВЕНА, НЕДЕЛИВА, САМОСТОЈНА, УНИТАРНА И ЕКОНОМСКИ ПРОСПЕРИТЕТНА МАКЕДОНИЈА. НИЕ НЕ СМЕ ПРОТИВ ПРОШИРУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА НАЦИОНАЛНОСТИТЕ, НО НЕ НА ШТЕТА НА МАКЕДОНЦИТЕ.
НИЕ СМЕ ЗА ПРАВДА, НО НЕ ЗА СЕЛЕКТИВНА.
НИЕ СМЕ ЗА ОДГОВОРНОСТ И ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ НА ДРЖАВАТА. СЕ БОРЕВМЕ ДА ИМАМЕ ДРЖАВА,А ПОЗНАВА ЛИ НЕКОЈ ДРЖАВА КОЈА ШТО НЕМА ИНСТИТУЦИИ?
ДЕНЕС И ОДНАДВОР И ОДВНАТРЕ СЕ ОБИДУВААТ ДА НИ ГИ РАЗНЕБИТАТ, ДА НИ ГИ УНИШТАТ ИНСТИТУЦИИТЕ. ТОА ГО ПРАВАТ ПРЕКУ НИВНО ОМАЛОВАЖУВАЊЕ, ПРЕКУ КРИТИКА ЗАРАДИ КРИТИКА И ПРЕКУ НИВНО ДЕВАЛВИРАЊЕ.
СЕ ПОЈАВИВМЕ ВО ЕСЕНТА 2013 ГОДИНА, ДАДОВМЕ СВОЈ ОГРОМЕН ПРИДОНЕС ВО ПОЛИТИЧКАТА БИТКА ВО МАКЕДОНИЈА И ВО ЗБОГАТУВАЊЕ НА ПЛУРАЛИЗМОТ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ИДЕИ.
ДЕНЕС, ПОСЛЕ 3,5 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ, МОЖЕМЕ ДА КАЖЕМЕ ДЕКА ГО ОПРАВДАВМЕ СВОЕТО ФОРМИРАЊЕ. НЕ МОЛЧЕВМЕ НИТУ СЕ КРИЕВМЕ КОГА ЗЕМЈАТА БЕШЕ ВО ПОЛИТИЧКИ ХАОС, ТУКУ НАПРОТИВ, СЕКОГАШ ИМАВМЕ ЈАСНИ И ПРИНЦИПИЕЛНИ СТАВОВИ.
ГО ОСУДИВМЕ ОБЈАВУВАЊЕТО НА Т.Н „БОМБИ“. ГО ОСУДИВМЕ НАВЛЕГУВАЊЕТО ВО ИНТИМАТА НА БИЛО КОЈ ГРАЃАНИН, ПА И НА ПОЛИТИЧАРИТЕ. ПРЕДВИДОВМЕ ДЕКА ЌЕ ИМА УЦЕНИ, РЕКЕТ, ЌЕ ИМА ДУРИ И УБИСТВА И ТОА, ЗА ЖАЛ, НЍ СЕ СЛУЧИ. ЕДИНСТВЕНА ПАРТИЈА СМЕ КОЈА НЕ ГО ПОДДРЖА ПРЖИНСКИОТ ДОГОВОР И ГО НАРЕКОВМЕ ГОЛЕМА ПРЖИНСКА ИЗМАМА! ГИ ИЗМАМИЈА ДВАЈЦАТА НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ПОЛИТИЧАРИ ВО МАКЕДОНИЈА. ГИ ОДЛАГАА ИЗБОРИТЕ ЗА ДА ГО ЗАОКРУЖАТ СВОЕТО МРАЧНО СЦЕНАРИО.
ЕДИНСТВЕНА ПАРТИЈА СМЕ КОЈА НЕ ГО ПОДДРЖА СПЕЦИЈАЛНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ЗАШТО Е ПРОИЗВОД СО УСТАВНА МААНА. КАКВА Е ТАА ЗЕМЈА ВО КОЈА, ГРАЃАНИ КОИ ПРЕД 15 ГОДИНИ КРВ ЛЕЕЈА ЗА ТОЈ УСТАВ, ДЕНЕСКА ДА ГАЗАТ ВРЗ НЕГО?
РЕКОВМЕ ДЕКА СПЕЦИЈАЛНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО САМО ЌЕ НИ ПОТРОШИ ГОДИШНО ПО 4 МИЛИОНИ ЕВРА, ЌЕ СОЗДАДЕ НЕРЕАЛНИ ОЧЕКУВАЊА КАЈ ГРАЃАНИТЕ И ЌЕ БИДЕ ЕДНО ГОЛЕМО НИШТО. ЗА ЖАЛ ТОА СЕ ПОТВРДИ.
ДА ВЕ ПОТСЕТАМ: СЈО ЌЕ ПОСТОИ УШТЕ САМО ДВА МЕСЕЦИ.
ЦЕЛИОТ ЦИРКУС ВО ДРЖАВАТА НИ ГО НАПРАВИЈА ЗАТОА ШТО НАВОДНО НЕКОЈ ПРАВЕЛ ИЗБОРНИ ИЗМАМИ. СЕ ИСПОСТАВИ ДЕКА ИЗБОРНИ ИЗМАМИ НЕМАЛО, НИТУ ФАНТОМСКИ ГЛАСАЧИ, ГУБИТНИКОТ СИ Е ПАК ГУБИТНИК, А ПОБЕДНИКОТ СИ Е ПАК ПОБЕДНИК.
ДЕНЕС ВЕЌЕ НИКОЈ НЕ ЗБОРУВА ЗА ТОА ДЕКА НЕПРАВЕДНО, ВЛАДЕЈАЧКАТА КОАЛИЦИЈА Е ОБВИНУВАНА ЗА ИЗБОРНИ ИЗМАМИ, ТУКУ СЕГА НИ ИЗМИСЛИЈА НОВ КАМЕН НА СОПНУВАЊЕ, А ТОА Е Т.Н. „ПЛАТФОРМА“.
„ПЛАТФОРМА“ НАПРАВЕНА ОД ЛИДЕРОТ НА ОПОЗИЦИЈАТА, А НАДГРАДЕНА И ПРОШИРЕНА ВО ТИРАНА И ВО ПРИШТИНА.
БЕШЕ ЛИ ГРОМ ВО ПРАВО КОГА ПРЕД ИЗБОРИТЕ ТВРДЕВМЕ ДЕКА МЕЃУПАРТИСКАТА БОРБА ЌЕ СЕ ПРЕТВОРИ ВО ПОСТИЗБОРНА МЕЃИЕТНИЧКА ТЕНЗИЈА?
ТОА ДЕНЕС СЕ СЛУЧУВА!
ВИНАТА ТРЕБА ДА ЈА БАРАМЕ ВО НАС, НИЕ КОИ ШТО НЕ УСПЕАВМЕ ДОКРАЈ ДА НЕ РАЗБЕРАТ ГРАЃАНИТЕ И ДА НИ ДАДАТ МНОГУ ПОГОЛЕМА ПОДДРШКА. ТОА Е ПРИЧИНА ПОВЕЌЕ ПОЧИТУВАНИ ПРИЈАТЕЛКИ, ПАРТИСКИ КОЛЕШКИ, УШТЕ ПОДОБРО ДА СЕ ОРГАНИЗИРАМЕ.
ДА ЈА РАШИРИМЕ НАШАТА МРЕЖА, ДА ВЛЕЗЕМЕ ВО ШТО Е МОЖНО ПОВЕЌЕ ДОМОВИ, И ДА ГИ НАМЕТНЕМЕ НАШИТЕ СТАВОВИ КАЈ ШТО Е МОЖНО ПОВЕЌЕ ГРАЃАНИ. ОД ОВА ЗИЈАН НИКОЈ НЕМА ДА ИМА, А ОД ДОБРИТЕ ПРОЦЕНКИ И СТАВОВИ НА ГРОМ ПРИДОБИВКИ ЌЕ ИМААТ ГРАЃАНИТЕ И ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА.
ВЕ УВЕРУВАМ ДЕКА СМЕ НА ПРАВ ПАТ, САМО ТРЕБА ДА ПРОДОЛЖИМЕ ХРАБРО, КАКВИ ШТО БЕВМЕ И ДОСЕГА. ФОРМИРАЊЕТО НА ФОРУМОТ НА ЖЕНИ И ИЗБОРОТ НА ВАШИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ Д-Р ДОБРИЛА АНДОНОВСКА ОЧЕКУВАМ ДА ДАДЕ СИЛЕН ПРИДОНЕС ВО РАЗВОЈОТ НА НАШАТА ПАРТИЈА И ВО АФИРМАЦИЈА НА НАШИТЕ ПОЛИТИКИ.
ЗАТОА УШТЕ ЕДНАШ, ОД ОВДЕ САКАМ ДА И ЧЕСТИТАМ НА НАШАТА ЧЕЛИЧНА ДАМА КОЈА ВЕРУВАМ ДЕКА СО СВОЈАТА НЕПОКОЛЕБЛИВОСТ И УПОРНОСТ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ПО ПАТОТ НА ГРОМ КОЈ СТАНУВА СЕ ПОВИДЛИВ И ПОВПЕЧАТЛИВ.