Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Колумна на Стевчо Јакимовски: ДОБАР СЛУГА-ЛОШ ГОСПОДАР!

stevco-jakimovski-int221-1Светските искуства говорат дека кога разузнавачките служби сакаат да заврбуваат некое лице за свој соработник, тие го набљудуваат, го шпиунираат и му праќаат нивни луѓе да го „скенираат“ и да му направат комплетен профил на личноста. Утврдуваат кои се неговите позитивни страни, а за нив се најбитни неговите маани, односно, на што најлесно реагира потенцијалниот соработник.

Некои реагираат на алакохол, мераклии за чашка, па лесно можеш да им правиш друштво. Други се пасионирани ловџии, рибари или љубители на одреден спорт. Трети се „слаби“ на жени,  па лесно се заљубуваат. Следни се среброљупци кои се „лепат“ на пари, некои пак сакаат да бидат „ин“ да имаат и финансиска моќ и власт.

Таков профил му е направен на Катица Заева, се извинувам, крстено име му е Зоран, и констатирано е дека најдобро реагира на моќ: финансиска и властодржачка. На тој начин, што би рекле кумановци, миц по миц, му се приближуваат, се спријателуваат, го фалат, го величаат, и на крај му стигнуваат конкретните понуди.

Нашиот мераклија да води држава, а со слаби политички капацитети, има прифатено таква соработка и блиско пријателство, фасциниран од високото ниво на чадорот.

Нормално, по воспоставената доверба, дадена му е и конкретна понуда со целосно сценарио за негова промоција, донесување на власт, како човек којшто може да ја разреши „македонската состојба“. Инаку терминот „македонска состојба“ го има употребувано и Адолф Хитлер, пред нападот на Полска: „Гдањск и коридорот мораат да бидат вратени на Германија и мора да биде елиминирана „македонската состојба“ на нашата граница.“

Нашиов човек, лековерен, да не речам лесен во умот, од нив практично до крајот на животот не може да се отплетка. Сакал тоа или не. Ние што се бавиме со политика, веќе одамна го прочитавме сценариото и воопшто не е енигма она што тој  на крајот јавно го соопшти, а ние повеќе од една година го знаеме. Промена на Уствот, рекомпонирање на државата и нејзино претворање во бинационална држава и поставување за потпретседател на Републиката, на претставник од втората по големина националност која е речиси триипол пати помала од македонската. Воведување на двојазичност, давање на една од битните државни функции, а тоа е претседател на Собранието на гореспоменатата национална заедница.

Ние сите битки биеме, кршиме јазици околу оваа работа, се обидуваме да го разоткриеме предавникот, ама работата е многу, многу посериозна. Информациите што ги давал, инструкциите што ги примал од разузнавачката служба,  логистиката што ја примал, како и парите кои му се доставувани за спроведување на сценариото се документирани, односно снимени од тие служби. Практично тој станува нивен доживотен заложник. Постојано ќе биде соочен со уцени и закани. И да сака да се самоубие, не може, зашто тогаш неговото семејство останува во опасност. Значи, тој ќе мора да слугува до крај. Но, добар слуга е лош господар.

Ако тој дојде на власт македонското „леле“ допрва почнува. Ќе го уценат и ќе мора да се сложи со промена на името, потоа, ќе мора да прифати промена на знамето, на грбот и на химната. Ќе мора да прифати компромис и за спорот со јазикот со Бугарија и за црквата со Србија.  Следните четири години Македонија под евентуално водство на Заев, ја чека тотално фијаско на националниот, културниот и јазичкиот идентитет, како и тотална промена на трите државни симболи.

Со ова, практично, се разрешува Хитлеровото „македонска состојба“. Ние, скастрени за век и веков, сите околу нас ќе тријат задоволно раце, а нам не ни останува ништо друго освен да мрмориме, да протестираме и веројатно состојбата ќе дојде до точка на граѓанска војна. Архитектите на ова антимакедонско сценарио при убедувањето на Заев ја користеле  како главен аргумент нивната претпоставка дека од Истанбул до Берлин најмала и најслаба карика е токму Македонија и затоа тој прв ја има најлесната задача, како пробен балон за „балканската пролет“, односно за промена на Ердоган, Ципрас, Ѓукановиќ, Вучиќ, Додик, Виктор Орбан. Очигледно овие служби си ги прецениле своите способности, одбрале погрешен актер, подготвиле погрешно сценарио и потрошија многу пари. На 12 декември, Заев ќе треба прво нив да им даде отчет за својот неуспех, за големите потрошени пари ( веројатно задржал нешто и за „црни“ денови). Инвеститорот – чадорот веќе е нервозен, изведувачот не ја заврши работатата, а времето истече! Парите се потрошени, а тие пари доаѓаат од истиот фонд од каде се финансираат „меките револуции“ и „подобрувањето на човековите права“.

Убеден сум дека во недела Македонија јавно ќе покаже кои политичари се од народот, за народот и со народот. Кој нуди народен , а кој нуди ненароден режим. На кого политиката му треба за да живее, а на кого животот му е политика.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin