Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

МИТОМАНИТЕ ОД СДСМ-ГО ПОГОДИЈА ЗБОРОТ, ГО УТНАА ЧОВЕКОТ

dsc_050202.12.2016 година

Се уплашија плачковците од едно ливче во најава. И тоа празно. Што ќе стане кога ќе им го покажам она со бројката од 250.000 евра колку што нивниот „пречесен“ лидер ми го даде да му го исплатам.

И толку силни мажишта беа, па уште одговараат на мојот прес, шест дена подоцна (толку им требало да се соземат од шокот) – преку подземјето. Тепачишта, заканувачи.

Покрај три адвокати, аболицираниот криминалец Зоран Заев си најде четврт-„дрвен адвокат“, да го брани, и тоа  калап, таман по негова мерка. Кандидат за пратеник на 9-то место во 2014?! Се з,гна цело СДСМ да го брани големиот атомоски физичар и интелектуалец Сенад Сенко Смајловиќ. Демек он сам го напишал текстот. Умен тој: Кај работи- нигде! Што работи- ништо. Од што живее – од рекет. Велат, од рекет и од белото. Да го ставам пред камера и да му речам повтори го зборот митоманија,нема да го погоди. Затоа ќе му дадеме полесен збор и ќе  го поделиме на две: колективна хистерија.

Тој не се заканувал, туку тепал?! Ми се тресат рацете додека пишувам, ладна пот ме облева, зашто овој тепал и со тоа јавно се фали. Најдоа кому?! Многу плашлив човек сум! „Плашлив“ сум ама наивен -не сум. А од каде знае Сенад што пишува на ливчето. Заев да не му кажа? Обично така одат работите. Обвинетите  правата вистина ја кажуваат само на адвокатите, за да направат одбранбена стратегија. Еве, они одбраа да тепаат.

Апсолутно така: тоа е профилот на СДСМ, „кој до којега, мој до мојега“. Насилници на кои цела кампања им помина во закани за освета, навреди и заплашувања.

Епидемијата од „Хард Рок“ уште ги држи. Можеби и безбол палките ги чуваат зад врата. Нив не им требаат пенкала. Не знаат да работат со нив, па дури ни на избори. Си го имаат „алатот“.

Заев ме нарекува бандит, Наумов зомби, а Сенад митоман и криминалец.

А мене пак ич не ме чуди. Фудбалери зборат за фудбал, уметници за уметност, проститутки за секс, а криминалци за криминал. Еве сега СДСМ си збори за криминал, Омилената тема, а богами и професија!

Мене ме нарекуваат митоман, а тие со ореолот над  глава, не знаеш кој повеќе се офајдил во транзицијава. Пет минути да намирисаат власт и „покољ“ прават. Го погодија зборот, ама го утнаа човекот.

Омилена тема им е станови заработени на криминален начин. Не одите подалеку, прашајте си го претседателот на општинската организација од СДСМ – Карпош Душко Весовски како го заработи станот? Која нива ја изора, која бавча ја ископа и како ги спечали парите?

Поранешното ваше секретарче на партијата „си ги „омрси мустаќите“ од Општината, па не знае колку станови купил. Ѕвони на една врата, излегува мајка му, ѕвони на друга-излегува тој. А пријавува еден стан. Специјалисти за камуфлажа. Ко на војна вежба се.

Јас сум бил митоман и корумпиран, а Шилегов купува два стана од 170.000 евра ( да му бидат ѕевгар, оти со еден вол не се ора). Со пратеничка плата, се разбира.

Инаку, СДСМ, кај даноците се за прогресивни стапки, а за мито  се за рамно тарифирање. Жив пример е Шилегов, кој има рамна тарифа и да прифати и да одбие жалба – 5.000 евра. За рубините и уметничките слики не зборам. Тие му доаѓаат како камата на „основицата“. И тоа додека е во опозиција. Кога ќе дојде на власт, најмалку очекувам да удвостручи.Тарифата расте.

Рада Шеќеринска од грижа за сиромашните, се нешто и е тесно во душата, па ете ја во 170 квадрати стан. Си зема стан, а потоа на сопствената фирма си го издаде за 5.600 евра. Па уште ќе ме тужи Бобо дека сум му нанел душевна болка?! Да имаш, па да немаш. Не да боли душа, него пече. И внимавајте добро,  ме тужи зашто сум му го нарушил угледот. Не знам само по што тој е угледен?  Да не е случајно некој нобеловец, академик или измислил лек за ќелавост?

И на крајот, црешата на тортата, нивниот лидер, кој многу милува да гледа квизови. Најомилен му е „Милионер“ па ги употребува сите џокери. Бидејќи не му текнува од кого се барал , па не се сеќава  за што барал пари од мене. Затоа во квизот постојат џокер „повикај го пријателот“ …Нека ми се јави мене, па ќе го потсетам.

Јас митоман , него го фаќаат на снимки како бара мито. Не јас од него туку, тој од  мене бара 250.000 евра. Чудна работа?!

И они за криминал и они за чесност?! Не знам само кој ја користеше Агенцијата за разузнавање за прислушкување на берзата и за следење на котираните компании кој какви акции купува – продава, па со време да им прават рекет?

Кога одат да бараат пари по стопанствениците за да не им ги објават снимките од прислушкуваните разговори, како се вика тоа: мито или рекет?

Кога баравте од мене  да го продадам „Јан Амос Коменски“  по едно евро квадрат земјиште за вие да земете 200.000 евра-тоа како се вика?!

Баравте станови! Баравте 300.000 евра кеш. За што баравте мито од мене? Се разбира ви го дадов лактот и оттаму ви се излеа жолчката. Сега барате докази..ако де, и тие ќе ви ги дадам.

Што се однесува до продажбата на земјиште во Карпош, СДСМ е компетентен да дава забелешки зашто има свој систем на продажба: едно евро за црквата, едно за Вицето. За нив важат вонзаконски правила, а за нас во Карпош-само законски.

Се видни ликови и докажани идеолози на кои главна идеја водилка им е парата- и како повеќе да ќарат. И тие ќе нуделе живот ?! Да, ама за себе. За народот и средната класа им дошло, колку за ланскиот снег. Најлевата партија врзана за најдебелите пари.

Па уште мајтап играат со „принцези„. И тоа не е лошо, ама веднаш ми отиде умот на песната „Битанге и принцезе„ и на споредбата на ГРОМ и СДСМ. Па сега на  мегдан излегоа со разно разни Сенади, близнаци од Ѓорче, Чауши… Се разбира секој си го бира друштвото. ГРОМ ги избра принцезите, а СДСМ битангите.. И еден по еден, како кокичиња на пролет дигаат глава и си го покажуваат ликот.Ај сега да видиме кое кокиче ќе никне.

p.s. Ќе заборавев да ви кажам: Досега не одговаравте. Сега ве дожеже почнавте да одговарате.Што напишал цел СДСМ во одбрана на Сенко ми го прочитаа на пат од Крива Планка до Штип. А одговорот го диктирам од Штип за Скопје. Имам време за се.

Патем, тука ве чекав цело време. Гледате дека јас имам време и да работам во општина, и да водам кампања, и да одам на митинзи и вам да ви одговорам. Само повелете, откривајте се. Еден по еден – до последен. Јас сам, вие сите. Бујрум!

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin