ГРОМ ПРОТИВ СИТЕ ВИДОВИ НАСИЛСТВА
25.11.2016 година
Денес 25 ноември, во рамки на одбележување на Светскиот ден на борбата против семејното насилство, претставниците на 19 политички партии од Македонија ставија свој потпис на заедничката Декларација за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство. Потпишувањето на Декларацијата беше во организација на Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство, а во присуство на Амбасадорот на Шведска во Македонија Г-дин Мат Стефансон како и преставничката на УНДП и УНФПА и постојан координатор на Обединетите Нации Г-а Лујза Винтон.
Потпретседателот на Граѓанската опција за Македонија м-р Горан Анчевски, во името на ГРОМ како граѓанска партија, стави потпис на Декларацијата потврдувајќи ја својата политичка насока кон граѓаните, заштитата на нивните слободи и права, како и борбата против сите видови на насилство во општетсвото.