ХУМАНИТАРЕН ЕСЕНСКИ КРОС НА ФОРУМОТ НА ЖЕНИ НА ГРОМ
02.10.2016 година
Во организација на Форумот на жени на ГРОМ – Карпош, на недела, 2 октомври 2016 год., се одржа ХУМАНИТАРЕН ЕСЕНСКИ КРОС, за поддршка на настарадните жители од поплавените региони. На хуманитарниот крос со свое учество се придружија и форумите на жени на ГРОМ на Кисела Вода и на Сарај.
Овој хуманитарен настан се одржа на кејот на реката Вардар, при што побуди огромен интерес кај граѓаните кои рекреираат на кејот.
На кросот учествуваа 217 жени на Граѓанската опција за Македонија, а од нив 167 жени земаа активно учество во натпреварувањето, а останатите ги бодреа своите пријателки кои се натпреваруваа. На кросот учествуваа претседателките на форумите на жени на ГРОМ – Карпош, Кисела Вода и Сарај, Добрила Андоновска, СлавицаНовачевска и Сунчица Антевска, а со своето присуство подршка дадоа Петревски Крсте, претседател на ОО ГРОМ – Кисела Вода и Снежана Јовкоска. Претседател на ОО ГРОМ – Сарај.
Стручниот дел беше во искусните раце на долгогодишниот спортски работник проф. Мирјана Ташковска, со сесрдна помош на нејзиниот стручен тим, како и на претседателките на месните форуми на ГРОМ – Карпош.
Натпреварот се одржа во трчање и брзо одење, во една насока.
- Трка до 29 год. на 400 метра
- Трка од 29 до 45 год. на 300 метра
- Трка над 45 год. на 250 метра
- Натпревар во брзо одење, за жени постари од 50 год. на 250 метра.
На најуспешните во кросот им беа доделени дипломи.
Најдобри во првата трка на 400 метра, во категорија до 29 год. беа: Клаудија Јанкуловска – прво место, Ана Доновска – второ место и Стефанија Урдовска – трето место.
Најдобри во втората трка на 300 метра, во категорија до 45 год. беа: Вита Трајческа – прво место, Александра Трајановска – второ место и Верче Атанасова – трето место.
Најдобри во третата трка на 250 метра, во категорија над 45 год. беа: Славица Новачевска – прво место, Снежана Стојовска – второ место, а третото место го делеа Дивна Карапанчева и Слаѓана Ристовска.
Во натпреварот во брзо одење на 250 метра, во категорија над 50 години, најдобри беа: Ордана Наумческа – прво место, Убавка Ангелова – второ место, а третото место го делеа Биљана Петроњев и Васовска Орхидеја.
Дипломи беа доделени и на Софија Тошевска како најмлад учесник во трката на 400 метра, која воедно постигна и најдобар резултат, а дипломата за најстара учесничка на хуманитарниот крос беше доделена на Виолета Ристовска, која на 65 годишна возраст беше на петто место во трката на 250 метра.
Средствата донирани од учесничките на хуманитарнит крос, ќе бидат предадени на граѓаните од настраданите краеви од катастрофалните поплави на 6 август 2016, кои однесоа десетици животи и нанесоа огромна материјална штета на илјадници семејства.