Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Прес конференција: СЈО ЈА ЗАМАЈУВА ЈАВНОСТА

slika_press117.09.2016 година

Едногодишниот извештај на Специјалното јавно обвинителст во, произлезено од Пржинскиот договор, беше повод, денеска во партиското седиштена ГРОМ, претседателот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски, да даде изјава за медиумите.

  • Да потсетиме уште еднаш дека оваа творба на „чадорот“ и домашните предавници е конституирана спротивно на Законот за судство, кој патем е двотретински Закон, спротивно на Уставот на Република Македонија и спротивно на вољата на мнозинството граѓани на Република Македонија.

Криминално стекнатиот прислушуван материјал- т.н. „бомбите“, почнаа да се објавуваат во средината на февруари 2015 година, а веќе на 2 јуни истата година со пржинската измама му се одземаа ингеренциите на Државното јавно обвинителство под изговор дека не е ефикасно, дека нема направено истраги и дека не процесуирало никакви кривични пријави, нагласи претседателот Јакимовски.

slika_press2

Првиот човек на ГРОМ, потенцираше дека Државното јавно обвинителство, раководено од Зврлевски и неговите колеги, ги прогласивме за неспособни и неефикасни и дека на на нивно место ја донесовме „Карла Дел Понте“ од Гевгелија, однапред знаејќи дека истата ја практикувала правдата единствено во Втора лига – југ.

  • Затоа нејзиниот извештај е полн со пари потрошени за семинари, за обуки, потрошени за скапи патувања во странство, и пари потрошени за професори и експерти кои толкувале, цитирам: Толкување на позитивното право во доменот на СЈО, следење на новата правна регулатива и нејзиниот однос кон Законот за јавно обвинителство за  гонење на кривични дела, поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, запознавање со пресудите на Меѓународниот суд за човекови права, итн, дециден беше лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

Јакимовски  истакна дека практично тоа би се однесувало, тој во функција на градоначалник на Општина Карпош да нарачува т.н експерти за да му кажуваат како да ја врши сопствената работа, која му е законска обврска, односно како да се прават улици, фасади, тротоари, канализации и други работи поврзани со локалната самоуправа. Лидерот на ГРОМ дополни дека по навршена една година и потрошени четири милиони евра т.н.„Карла Дел Понте“ од Гевгелија не одговорила на основното, фундаментално прашање: Кој прислушувал? За која цел е правено прислушувањето? Кој го нарачал и го платил истото?

  • Ова обвинителство беше формирано да утврди тежок криминал на претставниците на власта и наводни 5,5 милијарди евра извлечени од Ребпулика Макдонија. На местото одговори на овие прашања, денес јавноста се замајува со кривични постапки за тоа кој на кого му ја пцуел мајката додека го апселе, кој на кого му удрил шамар, колку ученици се возеле во Битола и други тривијални работи.

Госпоѓо специјална, не го замајувајте народот, не ги лажете луѓето, не измислувајте изговори, не ги одолговлекувајте постапките за да земате до пензија 3.000 евра плата, да се возите во скапи автомобили со шофери и обезбедување, небаре сте претседател на Република Македонија. Бидете доблесна и соопштете им ја вистината на граѓаните, излезете и кажете дека нема ништо од наводните 5,5 милијарди евра, дека нема пари дадени од Кинезите,  нема мито од Израелците, градоначалникот  Жерновски не е тепан и дека Космос е урнат согласно позитивните законски норми во Република Македонија. Нели вие утврдувате факти? Излезете и соочете се со граѓаните, заврши на крајот на своето излагање пред медиумите лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

 

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin